PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 553 |
Посети (овој месец): | 16601 |
Посети (оваа година): | 94552 |
Посети (вкупно): | 1088094 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Убиства:трипати e поверојатно мажите да станат жртви
Трипати е поверојатно мажите да станат жртва на убиство. Во 2012 година близу 35 000 лица во Европскиот регион на СЗО го загубиле животот поради убиство, при што мажите на возраст од 30-59 години носат највисок ризик. Случаите на насилна смрт се само дел од приказната, бидејќи податоците за нефаталните напади не се секогаш достапни. Проценето е дека на секој случај на убиство, 43 лица биле примени во болница и 262 лица ги посетиле службите за итна медицинска помош како последица на жесток напад. Ова претставува големо оптоварување како на системите за здравствена заштита, така и на службите за итна помош.
Стапката на убиства опаѓа ширум Регионот. Сепак, постојат големи разлики меѓу земјите членки. Во Заедницата на независни држави (Русија и 11 други држави, од 1991 година), стапката на убиства е десет пати повисока од онаа во Европската унија. Меѓусебното насилство е тесно поврзано со социо-економската состојба. Постои и висока корелација помеѓу потрошувачката на алкохол и насилството. Неопходни се итни мерки за редуцирање на достапноста до алкохол и неговите ефекти.
Меѓусебното насилство останува значаен јавно-здравствен проблем во Европскиот регион. Веродостојните податоци за смртноста се главниот елемент за следење на курсот, политиката, и здравјето на населението.
Активностите препорачани од СЗО на национално ниво вклучуваат:
- Подобрување на збирката на податоци за да се прикаже и следи опсегот на проблемот;
- Развивање на сеопфатен национален план на активности за спречување на насилството;
- Интегрирање на превенцијата на насилството во другите здравствени дејности како што е здравствената заштита на децата или здравствените служби за ментално здравје;
- Зголемување на опфатот на насилството преку акционите планови за превенција;
- Подобрување на квалитетот на услугите во насока на зголемување на способноста за откривање, заштита, поддршка и рехабилитација на жртвите;
- Применување и подобрување на квалитетот на постоечките закони кои ги штитат поединците од насилство.
Подготвил: прим. д-р сци. Весна Спирова
Преземено од: WHO, Regional Office for Europe
|