PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 684 |
Посети (овој месец): | 16732 |
Посети (оваа година): | 94683 |
Посети (вкупно): | 1088225 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
НЕЗАРАЗНИТЕ БОЛЕСТИ ЗЕМААТ ПРЕДВРЕМЕНО 16 МИЛИОНИ ЖИВОТИ ГОДИШНО, СЗО СЕ ЗАЛАГА ЗА ПОГОЛЕМ АНГАЖМАН |
Од земјите се бара да постават национални цели и да спроведуваат потврдени интервенции за да спречат предвремена смрт од незаразните болести
Според „Извештајот за глобалната состојба на незаразните болести 2014-та“, објавен од СЗО во јануари 2015-та, секоја година 16 милиони луѓе предвремено умираат - пред седумдесет годишна возраст - од срцеви и белодробни заболувања, мозочен удар, рак или дијабет. Во извештајот се наведува дека повеќето од овие смртни случаи можат да се спречат, и со инвестиција од само 1-3 американски долари по човек годишно, земјите можат драматично да ги намалат заболувањето и смртта од незаразните болести.
Секоја земја треба да постави национални цели за спроведување на кост-ефиктивни мерки за да ја намали употребата на тутун, штетната употреба на алкохол, нездравата исхрана и физичката неактивност и да обезбедува општа здравствена заштита. СЗО препорачува кост-ефективни интервенции со висок импакт, особено со забрана за рекламирање на цигари и алкохол, елиминирање на транс мастите, промовирање и заштита на доењето и превенирање на ракот на грлото на матката преку скрининг. Ефективното спроведување на овие политики вклучува активности надвор од здравствениот сектор преку вклучување на државната политика во земјоделството, образованието, производството на храна, трговијата, оданочувањето и урбаниот развој.
Земјите од Европскиот регион на СЗО прифаќаат иницијативи за намалување на оптоварувањето од незаразни болести
Турција е првата земја која ги спроведе сите предложени мерки за намалување на пушењето. Во 2012 година, земјата ги зголеми етикетите за предупредување за здравјето со препокривање на 65% од вкупната површина на секој тутунски производ. Даноците за тутунот сега чинат 80% од вкупната малопродажна цена, а во моментов на национално ниво има целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство на тутунски производи. Како резултат на овие мерки во земјата има опаѓање на стапката на пушење за 13,4% од 2008 до 2012 година.
Унгарија донесе закон за оданочување на составните компоненти на храната и пијалоците кои влијаат штетно врз здравјето кога се користат прекумерно, како шеќерот и солта. Една година подоцна 40% од производителите го промениле составот на производите за да ги намалат оданочуваните состојки, а луѓето консумираат 25-35% помалку од таргетираните продукти чиј состав не е променет.
Уште во 1970 година, Финска почнала да работи на намалување на употребата на сол, вклучувајќи и значајна кампања за јавната свест. Во 1993 година беше воведено задолжително етикетирање на количеството на сол, а производите кои содржат високо количество на сол, исто така, беше побарано да носат предупредувачки етикети. Ова беше придружено со воведување на логото „подобар избор” поддржано од страна на „Финската асоцијација за срце”, која ги одреди опциите за ниски количини на сол. Дневната количина за внес на сол во Финска падна од околу 12 грама дневно во доцните 70-ти на 6,8 грама дневно кај жените во 2002 година.
Остварување на глобалните цели за незаразните болести
Ивештајот на СЗО обезбедува основа за следење на спроведувањето на „Глобалниот акционен план за превенција и контрола на незаразни болестиод 2013-2020”, кој има цел да го намали бројот на предвремена смртност од незаразни болести за 25% до 2025 година. Во акциониот план е содржан краток преглед на девет доброволни глобални цели кои се однесуваат на клучните ризик фактори од незаразните болести, вклучувајќи ја употребата на тутун, внес на сол, физичка неактивност, висок крвен притисок и штетната употреба на алкохол.
Извештајот открива дека останува уште многу да се направи во сите земји, особено во донаторски-зависните нации, за да се постигнат доброволните глобални цели до 2025 година. Иако не постои еден единствен пат за постигнување на овие цели кои одговаарат за сите земји, извештајот дава информации и насоки како да се измерат националните напори за спречување и контрола на незаразните болести.
Извор: СЗО, 2015
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. социјален работник
|