PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 728 |
Посети (овој месец): | 17988 |
Посети (оваа година): | 95939 |
Посети (вкупно): | 1089481 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
МЛАДИТЕ И СЕКСУАЛНОТО ЗДРАВЈЕ:
КОН ПОДОБРЕНИ СТАНДАРДИ ЗА СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЕВРОПА
симпозиум во Брисел на 21-ви октомври 2015
HeimoLaakkonen, директор на Регионалната канцеларија наUNFPAза Источна Европа и Централна Азија, вели:„Адолесцецијата е решавачка возраст за девојчињата и момчињата во целиот свет. Она што тие го искусуваат во текот на своите тинејџерски години го обликува правецот на нивниот живот и на животот на нивните семејства. Инвестициите во образованието и здравјето на адолесцентите се инвестиции од животно значење кои треба да имаат позитивни ефекти врз однесувањето и начинот на живеење во текот на нивниот цел живот.“
Според СЗО, сексуалното и репродуктивно здравје може да се дефинира како состојба на физичка, ментална и социјална благосостојба во однос на сексуалноста и репродуктивниот систем. Тоа подразбира позитивен пристап со почитување на сексуалноста со можност за безбедно сексуално искуство како и со способност за репродукција и вклучување во здрави односи без принуда, дискриминација или насилство.
Здравствената стратегија за деца и адолесценти(2015-2020) на СЗО за Регионот на Европа, покажува дека 25% од 15-годишниците имале сексуални односи. Во некои земји повеќе од 30% од нив не користат кондоми или било која друга форма на контрацепција.Покрај ова, Годишниот епидемиолошки извештај (2015) на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), покажува дека во 2012 година кламидија била пријавена кај повеќе од две третини (68%) од младите лица меѓу 15-24 годишна возраст, највисоката стапка известена кај жените на возраст од 20-24 години. Слично, младите лица се значајна ризик група за гонореја бидејќи тие учествуваат со 40% од случаите, со највисока стапка во групата од 20-24-годишни мажи. ХИВ е исто предмет на сé поголема загриженост, со 11% од ХИВ инфекциите пријавени кај младите лица на возраст од 15-24 години (2012).
Овие бројки укажуваат на потребата за понатамошен развој на сеопфатно сексуално образование во раното детство. Сеопфатниот пристап може да им овозможи на младите лица да донесат информирани одлуки во врска со нивната сексуалност и здравје и да изградат здрави животни вештини кои ќе им овозможат да развијат поодговорно однесување. Приодот „Приклучи се“ кој поддржува поголема вклученост на родителите, заедно со промовирање на повеќе здравствени служби со пријателски однос кон младите, училишта кои го промовираат здравјето и одговорен социјален маркетинг, се смета од повеќето како остварлив одговор за успешно намалување на бројот на млади лица кои се впуштат во ризично однесување и за спречување на несаканата бременост, на опасните врски и на пренесувањето на сексуално преносливи болести и инфекции.
Преземено од www.publicpolicyexchange.co.uk
|