PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 422 |
Посети (овој месец): | 23336 |
Посети (оваа година): | 101287 |
Посети (вкупно): | 1094829 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
“Не” за вакцинацијата против грип чини илјадници животи
Секој кој има над 65 години, секој со хроничен здравствен проблем,бремена жена или здравствен работник, треба да се вакцинира против грип секоја година.
Секоја година, близу 500,000 луѓе во светот умираат поради компликации од грип. Околу 10% од овие смртни случаи се во Европа. „Многу од овие животи би можеле да бидат спасени со едноставна постапка: примање на вакцина против грип“, вели д-р CarolineBrown, Менаџер на програмата за инфлуенца и други респираторни патогени микроорганизми во Европскиот регион на СЗО. „Годишно, најмалку 30 милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО одлучуваат да се вакцинитаат против грип. Секој постар од 65 години, секој кој има хроничен здравствен проблем, бремените и здравствените работници треба да се еден од нив.“
Луѓето над 65 години и луѓето кои имаат хронични здравствени проблеми се најмногу изложени на ризик
Луѓе со најголем ризик од сериозни компликации од грип се луѓето над 65 години: 8 од 10 смртни случаи поврзани со грип се во оваа возрасна група. Тоа е затоа што имунолошкиот систем слабее со возраста и станува помалку ефективен во борбата против инфекциите, вклучувајќи го и грипот. Покрај тоа, ако лицето веќе има срцеви проблеми, дијабет, хронична бубрежна болест, хронична болест на црниот дроб или заболување на белите дробови, грипот може да ги влоши овие состојби и да е фатален.
Најефективен начин да се спречи грипот и неговите сериозни последици е вакцинацијата
СЗО во Европскиот регион препорачува лицата над 65 години и луѓето со хронични здравствени проблеми да примаат вакцина против грип секоја година. Вакцините против грип се безбедни, а несаканите ефекти се минорни, особено кога ќе се спореди со многу повисокиот ризик од компликациите на грипот.
Бремените жени и здравствените работници, исто така, имааат потреба од годишна вакцинација против грип
СЗО препорачува бремените жени годишно да се вакцинираат против грип, бидејќи тие се изложени на тежок грип што може да иманегативни последици за фетусот. Уштеповеќе, вакцинацијата против грип дадена во текот на бременоста може, исто така, да го заштити новороденото бебе одгрип во првите месеци од животот.
Слично,и зравствените работници се сметаат за ризична група бидејќи тие секојдневно се изложени на различни типови на вируси, вкучувајќи го и вирусот на грип, и им е потребна заштита.
Ноември 2015
Подготвил: Бранка Крстев, дипл.социјален работник;
Превземено од: http://www.euro.who.int/
|