PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1049 |
Посети (овој месец): | 21548 |
Посети (оваа година): | 99499 |
Посети (вкупно): | 1093041 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Како најдобро можеме да ги заштитиме непушачите од изложеност на чад од цигари
Не постои безбедно ниво на индиректна изложеност на чад од цигари,и сеопфатните закони против пушењето се единствените ефективни средства за отстранување на ризиците поврзани со пушењето. „Непушачкото“ законодавство функционира, но, за да се прикаже правилно неговото влијание, индикаторите не треба да се мерат предвреме. Информативните заклучоци на СЗО/Европа, “Како можеме најдобро да ги заштитиме непушачите од изложеност на чад од цигари?”, го оценуваат влијанието на политиките против пушењето во девет европски земји-членки на СЗО кои вовеле сеопфатно законодавство против пушењето.
Силна јавна поддршка за сеопфатните политики против пушењето
Доказите покажуваат дека јавноста силно ги поддржува сеопфатните политики против пушењето и декатаа силна јавна поддршка води кон висок степен на нивно спроведување и почитување.
Накратко, сеопфатните политики против пушењето:
- ги штитат вработените намалувајќи ја нивната изложеност на пасивно пушење на работните места и на јавни места;
- може да го намалат морталитетот и морбидитетот од изложеност на пасивно пушење со неколкумесечно спроведување;
- може да предизвикаат промена на убедувањата и личниот избор во врска со правилата за пушење на приватни места;
- може да ја снижат преваленцата на пушењето;
- да резултираат со значителни заштеди за здравствениот систем;
- да не резултираат со економски загуби, бидејќи приходот од данокот од цигари може да се задржи, или дури и да се зголеми; и
- не го спречуваат туризмот.
Воведувањето на сеопфатни политики против пушењето значи чекор напред кон визијата за Европскиот регион без тутун, утврдена во Декларацијата од Ашгабат. Заштитата од изложеност на чад од тутун е исто така клучна обврска според член 8 од Рамковната конвенција за контрола на тутунот и неговите упатства. Повеќе нешта треба да се направат во Регионот за да се исполни овој член во целост.
Февруари, 2016
Подготвил: д-р Мелек Осман
|