PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 441 |
Посети (овој месец): | 23989 |
Посети (оваа година): | 76111 |
Посети (вкупно): | 1069653 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Дебелината и прекумерната телесна тежина
Клучни факти:
- Дебелината во светот е повеќе од двојно зголемена од 1980 година;
- Во 2014 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни, постари од 18 години, се со прекумерна телесна тежина. Од нив 600 милиони се дебели;
- 39% од зрелата популација на возраст над 18 години, се со прекумерна телесна тежина, а 13% се дебели, во 2014 година;
- Повеќето од светското население живее во земји каде прекумерната телесна тежина и дебелината убиваат повеќе луѓе отколку малнутрицијата;
- 42 милиони деца помали од 5 години, се со прекумерна телесна тежина или се дебели, во 2013 година;
- Дебелината може да се спречи.
Прекумерната телесна тежина и дебелината се дефинираат како абнормална или прекумерна акумулација на масти што може да го наруши здравјето.
Bodymassindex-от,BMI, е индекс вообичаено користен за класифицирање на прекумерната тежина и дебелина кај возрасните лица. Тој се дефинира како тежина на лицето во килограми поделена со висината во метри на квадрат (kg/m2).
Дефиницијата на СЗО е:
BMI повисок од или еднаков на 25 е прекумерна тежина, и
BMI повисок од или еднаков на 30 е дебелина.
Што ја предизвикува дебелината и прекумерната телесна тежина
Основната причина за дебелина и прекумерна телесна тежина е енергетскиот расчекор или дебаланс помеѓу конзумираните и искористените калории. Глобално постои:
- Зголемен внес на енергетски богата храна со високо ниво на масти, и
- Покачување на физичката неактивност поради: седечката природа на сé повеќе видови на работа, промената на начинот на транспорт и растечката урбанизација.
Кои се најчестите последици по здравјето од прекумерна тежина и дебелина?
Покачениот BMIе значаен ризик фактор за незараните болести какошто се:
ü кардиоваскуларните болести (главно исхемичната срцева болест и цереброваскуларните болести) кои се водечки причини за смрт во 2012 година;
ü дијабетот;
ü мускулноскелетните пореметувања (особено остеортритот) и
ü некои видови рак (на ендометриумот, дојка и колон).
Како може да се намали прекумерната телесна тежина и дебелината?
На индивидуално ниво, луѓето можат:
üДа го ограничат енергетскиот внес на вкупните масти и шеќери;
üДа го зголемат конзумирањето на овошје и зеленчук, како и на мешункасти плодови, целозрнаести и јаткасти плодови;
üДа имаат редовна физичка активност (60 минути дневно за деца и 150 минути неделно за возрасни).
На општествено ниво, важно е:
üПоддршка на индивидуите, во следење на препораките на индивидуално ниво, преку постојана политичка посветеност и соработка на јавни и приватни заинтересирани страни и,
üИзборот на редовна физичка активност и здравата исхрана да биде прифатлив и лесно достапен за сите, а особено за најсиромашните лица.
Прехранбената индустрија може да игра значајна улога во промоција на здрава исхрана преку:
üнамалување на содржината на мастите, шеќерот и солта во произведената храна,
üпрактикување на одговорен маркетинг, особено оној наменет за децата и тинејџерите.
Март, 2016
Извор: WHO
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. социјален работник
|