ИНФОРМАЦИЈА за вршење терестичка адултицидна дезинсекција на подрачјето на градот Скопје

ИНФОРМАЦИЈА за вршење терестичка адултицидна дезинсекција на подрачјето на градот Скопје 

На ден 02.07.2012, ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје во соработка со Градско Собрание ќе ја реализира втората терестичка дезинсекција на подрачјето на градот Скопје за уништување на возрасните форми на комарци и останати молестанти.  

Дезинсекцијата ќе се изведува континуирано до 15.06.2012, во раните утрински часови од 01:00 до 06:00 часот, со два аеросолни генератори поставени на две возила. 

По претходно изготвен план за динамиката на активностите по денови даден во прилог, ќе бидат поминати зелените површини на сите посочени локации на подрачјето на населбите, по главните улици и булевари, со вкупна третирана површина од 5000 хектари. 

За дезинсекцијата ќе се употреби средството Аква К-отрин со активна материја делтаметрин, во концентрација препорачана од  Светската здравствена организација (од 0,5 до 1 грам на хектар). 

Им советуваме на пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

 Оперативен план по кој ќе се врши дезинсекцијата

 1 ДЕН - 11.06.2012: 

1 возило – Ѓ. Петров (десна страна), Социјалистичка зора, нас. Хром, нас. Влае (десна страна), Нерези, Градски Парк (нов дел), Кеј 

2 возило – Ѓ. Петров I и II, Влае (лева страна), бол. Бардовци, Злокуќани, Градски Парк и Градско Собрание. 

2 ДЕН -12.06.2012: 

1 возило – Тафталиџе I и II, Козле, Жданец, Трнодол, Капиштец, Водно и околу Нова Македонија 

2 возило – Карпош IV, III, II и I, Дебар маало, Железничка колонија, Универзална сала, Грчка амбасада и бул. ЈНА 

3 ДЕН -13.06.2012: 

1 возило – Водно, Тасино чешмиче, Клиника, Пржино, Црниче, Пролет, Острово, Аеродром (лево), Маџар маало, Ново маало, Олимписки базен 

2 возило – Кисела Вода, бул. Ј. Сандански, Лисиче, Ново Лисиче, нас. 11 Октомври (згради и бараки) 

4 ДЕН -14.06.2012: 

1 возило – н. Ченто, Маџари, Драчево, Пинтија, ул. Првомајска 

2 возило – Железара, Автокоманда, Крњево, Керамидница, Сајмиште, околу Телевизија 

5 ДЕН -15.06.2012: 

1 возило – Гази Баба, Бит Пазар, Чаир, Топаана, Топанско поле, Скопје Север, Серава Центар 

2 возило – Бутел 1 и 2, Радишани, Шуто Оризари, гробишта Бутел

  

ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје