Одделение за Дезинфекција, Дезинсекција и Дератизација

Спроведуваме систематска, законски утврдена превентивна ДДД заштита и контрола, усогласена со ХАЦЦП принципи и протоколи за безбедност на храна. Наша цел е рано спречување на биолошки ризици и прекинување на ланецот на пренос.

ДДД тим и опрема
0/7 дежурен систем за пријава
0+ општини опфатени со програми
0% усогласеност со ХАЦЦП
0–4ч реакција при индикација

Наши услуги

Планирана превентивна ДДД заштита и интервенции по епидемиолошка индикација – за јавни установи, економски оператори и домаќинства.

Систематска превентивна ДДД

Годишни планови по објекти, рутински третмани и контролни мерења во согласност со закон и локални програми.

  • План/протокол по ризик
  • Евиденции и извештаи
  • Проверка на спроведување

Контроли според ХАЦЦП

Надзор над критични точки во објекти за храна, проверки на документи и ефективност на третманите.

Интервенции при индикација

ДДД услуги при појава/сомнеж, во координација со епидемиолог и надлежни инспекции.

Едукација и советување

Обуки за персонал: безбедно ракување со биоциди, санитарни мерки, самоконтрола и пријавување.

Мониторинг и извештаи

Лепливи стапици, мониторинг на вектори/глодари, GIS бележење и периодични извештаи со препораки.

Ентомолошка поддршка

Идентификација на видови од јавно-здравствен интерес и процена на резистентност во соработка со лабораторија.

Дезинфекција

Намалување/уништување на микроорганизми на површини, опрема, вода и воздух за спречување на пренос на зарази.

  • Рутинска и терминална дезинфекција
  • Хемиска/физичка постапка каде е применливо
  • Верификација на ефект преку брисеви и евиденции

Дезинсекција

Превентивни и корективни постапки за контрола на членконоги: комарци, муви, бубашваби и други.

  • Ларвицидни третмани со одобрени препарати
  • Адултицидни третмани во жаришта
  • Прскање, оросување и замаглување
  • Оптимални термини: 04–06 ч. и 19–21 ч.

Дератизација

Сузбивање и намалување на штетни глодари: стаорци и глувци, како резервоари и преносители на заразни заболувања.

  • Проценка на ризик и мапирање жаришта
  • Родентициди и механички мерки
  • Контролни прегледи и извештаи

Кого опслужуваме

Здравствени установиболници, клиники, аптеки
ЈДГ / училиштаградинки, основни и средни училишта
Објекти за хранаресторани, маркети, складишта
Станбени објектизгради и куќи
Индустриски погонипроизводство и магацини
Деловни просторииканцеларии и хали
ХЕ / HACCPсамоконтрола и записи
Домови и установи за негасоцијални и здравствени објекти

Ентомолошка лабораторија

Проучување на биологија и екологија на вектори, мониторинг, одредување видови и процена на резистентност кон биоциди.

Лабораторијата располага со теренска опрема и услови за навремено земање примероци и анализа.

Тимот ги следи најновите протоколи за контрола на вектори и медицинска ентомологија.

Правен основ

Согласно член 11 т.10 од Законот за јавно здравје и актот за основање на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, Центар е овластен да спроведува превентивни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

За спроведените активности Центар доставува извештаи до надлежните институции и соработува со инспекциските служби.

Програми и често поставени прашања

Кога се изведуваат замаглувања против комарци?
Во утрински часови 04–06 ч. и/или вечерни 19–21 ч., кога активноста на комарците е највисока и третманот е најефективен.
Што опфаќа комбиниран пристап?
Комбинација од ларвицидни и адултицидни третмани, со претходна проценка на ризик и мониторинг на жаришта.
Како докажувате ефективност?
Преку евиденции, протоколи, контролни прегледи, примероци, фотографии и по потреба лабораториска верификација.

Материјали и обрасци

Контакт

ДДД служба

Тел: 02 / 2 611-582

Е-пошта: ddd@cph-skopje.mk

Работно време:
Понеделник: 07:00 – 15:00
Вторник – Петок: 07:00 – 14:00 часот

Локација:
2C8W+HXP, Skopje 1000

Scroll to Top