Историјат на Центар за јавно здравје – Скопје

Центар за јавно здравје – Скопје е јавна здравствена установа која врши специјализирана превентивна здравствена заштита. Основан е со одлука на Собранието на Република Македонија на 6 јули 1993 година.

📌 1925 → Денес
1925

Почетоци

Во 1925 година започнува со работа Хигиенскиот завод, чија цел била одржување и унапредување на физичкото здравје на населението.

1934

Станица за маларија

Отворена е станица за заштита од маларија и ерадикација на пегав тифус во населбата Чаир. Денес таму функционира Службата за ДДД.

1951

Обединување на служби

Формиран е Завод за здравствена заштита кој ги обединил превентивните здравствени служби.

1970

Интеграција

Заводот се интегрира во Здравствен дом – Скопје. Од средината на 80-тите работи во состав на ООЗТ Заводи за превентивна медицина.

1991

Ново име

Со новиот Закон за здравствена заштита, установата го добива името Завод за здравствена заштита – Скопје.

6 јули 1993

Основање

Со одлука на Собранието на Република Македонија, се основа јавната здравствена установа за вршење специјализирана превентивна здравствена заштита.

1994

Самостојност

Се одвојува од Здравствен дом – Скопје и функционира како самостојна јавна здравствена установа.

2009

Сегашно име

Со измените на Законот за здравствена заштита, установата го добива сегашното име: Центар за јавно здравје – Скопје.

Денес

Улога во Скопје

Центар има значајна улога во јавноздравствениот систем на Скопје: следење на здравствената состојба, анализа на заразни и социјално-медицински болести, проучување на еколошките фактори и спроведување мерки за унапредување на здравјето на населението.

Scroll to Top