Одделение за социјална медицина
Центар за јавно здравје – Скопје
Одделението за социјална медицина работи на следење и проценка на здравствената состојба на населението,
анализа на ризици и фактори поврзани со здравјето, како и евалуација на здравствениот систем и услугите,
со цел предлагање мерки за континуирано подобрување на јавното здравје.
Клучни области
Надлежности и активности
-
Следење, анализа и проценка на здравствената состојба на населението, откривање и проучување на здравствени проблеми и ризици, утврдување нарушувања од социјално-медицинско значење и предлагање мерки за подобрување.
-
Пратење и проценка на однесувањето и животниот стил (здравствена култура, начин и квалитет на живеење), како и проценка на состојби и ризици во животната средина во корелација со здравјето на населението.
-
Проучување и евалуација на организацијата на здравствениот систем (установи, опрема, кадар), следење на работењето и развојот на службите и услугите, со цел предлагање мерки за постојано подобрување на здравствената заштита.
-
Следење и анализа на човечките ресурси во здравството (број и структура на вработени, планови за професионален развој, обезбеденост со обучени кадри и современи услуги) и предлагање мерки за подобар пристап на корисниците до услугите.
-
Предлагање елементи од здравствена политика и учество во изработка и развој на закони и прописи, како и предлагање мерки преку меѓуресорска соработка за подобрување на здравјето на населението.
-
Спроведување применети истражувања од областа на јавното здравје и користење на резултатите во предлагање политики и донесување одлуки.
-
Соработка со локална самоуправа за идентификација и решавање здравствени проблеми и подигнување на знаењето и едукацијата на населението.
-
Соработка со меѓународни организации во рамки на програми и проекти на републичко, регионално и локално ниво.
-
Професионално учество во стручни тела на локално, регионално и републичко ниво.
-
Мерки во итни состојби и вонредни јавно-здравствени околности преку следење, анализа и контрола на ризици и закани по јавното здравје.
