
Денес, во просториите на Центар за јавно здравје – Скопје, се одржа работна средба со претставници на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, со цел унапредување и зајакнување на институционалната соработка.
На средбата присуствуваа Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Беким Фетаји, како и вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили (проректорка за меѓународна соработка). Од страна на Центар за јавно здравје – Скопје, присуствуваа директорот Муамет Демири, заедно со д-р Ерјона Шаќири.
Во рамки на разговорите беше потенцирана важноста од создавање конкретни можности за вклучување на студенти/практиканти во Центар за јавно здравје – Скопје, со цел стекнување практично искуство, развој на професионални вештини и непосредно запознавање со реалните работни процеси во областа на јавното здравје.
Дополнително, беа разгледани можности за поширока и долгорочна соработка меѓу Универзитетот и Центарот, која би опфатила:
- структурирани програми за практична работа и менторство,
- заеднички едукативни активности и обуки,
- проекти и иницијативи од заеднички интерес во областа на јавното здравје,
- размена на експертиза и искуства меѓу академскиот кадар и стручните лица од практиката.
Оваа средба претставува значаен чекор кон градење одржливо и функционално партнерство, кое ќе донесе взаемни придобивки за студентите, институциите и заедницата.
Им благодариме на претставниците на Универзитетот „Мајка Тереза“ за конструктивниот пристап и подготвеноста за соработка, и остануваме посветени на конкретизација на договореното со следни активности во наредниот период.
