На 12.10.2025 ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје, вработените од одделението за дезинфекција, дезинсекција и дератизација одржаа теоретска и практична обука на вработените лица од 10-те општини кои припаѓаат на Југоисточен плански регион на тема како да го подготват стучниот дел од тендерската набавка за контрола на вектори (комарци), вектор-преносливи болести и надзор над работата на овластеното правно лице.
Активноста се одржа во градот Струмица и финансиски е поддржана од Министерство за животна средина и просторно планирање на РСМ преку проектот ,,Едуцирана локална власт-заштитен екосистем.”
