Вакцинации

Вакцинации

Одделение за епидемиологија

Врз основа на Законот за здравствена заштита и Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија,
Отсекот за имунизација, тропски болести и антирабична заштита врши вакцинација според епидемиолошки индикации и согласно препораките на
Светската здравствена организација (WHO).

Советување за патување
Вакцинација по индикации
Антирабична заштита
Здравствен надзор по враќање

Клучни информации

Подготовка
По потреба, според вид на вакцина и дестинација.

Кога да се јавите
Идеално 2–6 недели пред патување (за да има време за заштита).

По патување
Здравствен надзор и советување по враќање од ризични региони.

Вакцинација според епидемиолошки индикации

Податоците подолу се информативни. Конечната препорака зависи од дестинација, ризик, возраст и здравствена состојба.

Болест Вакцина Аплицирање Заштита
Жолта треска Stamaril 10 дена пред ризик од инфекција (еднократно) 10 год.
Тифусна треска Typherix / Typhim Vi еднократно 3 год.
Пневмококни инфекции Pneumo 23 еднократно 5–10 год.
Хепатитис A Havrix 1440 двократно (0 и 6–12 мес.) 5–10 год.
Хепатитис B Engerix-B трикратно (0, 1 и 6 мес.) траен
Хепатитис A / Хепатитис B Twinrix трикратно (0, 1 и 6 мес.) 10 год.
Дифтерија / Тетанус Di-Te еднократно траен
Тетанус Tetavaksal-T трикратно (0, 1–2 мес. и 6–12 мес.) 10 год.
Менингококов менингитис Mencevax ACYW 135 еднократно 3 год.
Маларија Mephaquine / Malanil (Malarone) / Resochin (Chlorochin) Таблетите се даваат според распоред (хемиопрофилакса) по проценка на ризик и дестинација. Заштитата престанува по завршување на хемиопрофилаксата.
Дополнително: Се врши подготовка на лица кои патуваат во ризични региони и здравствен надзор по нивното враќање.

Scroll to Top