ДДД служба

Дезинфекција • Дезинсекција • Дератизација • Фумигација

ДДД службата работи согласно систематски план за задолжителна превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Следи и контролира спроведување на превентивни ДДД мерки кај корисниците и врши контроли согласно HACCP принципи
за безбедно производство и промет на храна.

Превентивна ДДД
Епидемиолошки индикации
HACCP контроли
Скопје + цела РСМ

Каде извршуваме услуги

Здравствени установи
Клиники, поликлиники, амбуланти, стоматолошки ординации и сл.

Образовни установи
Предучилишни и училишни установи.

Храна и угостителство
Производство, промет и чување на храна; ресторани, кафулиња и сл.

Што извршуваме

Дезинфекција
Уништување/инхибирање на патогени микроорганизми на површини, предмети и во простор.

Дезинсекција
Намалување или целосно уништување на штетни инсекти и членконожци (вектори).

Дератизација
Намалување/контрола на штетни глодачи под прагот на штетност.

Фумигација
Специјализирана постапка со фумиганти (само со стручни екипи и одобрение).

ДДД услуги се извршуваат превентивно и по епидемиолошки индикации, во согласност со договор за деловна соработка и по барање на правни и физички лица.

Објекти и простори

Станбени објекти
Индивидуални куќи и згради за колективно живеење.

Деловни простории
Канцеларии, деловни простории, магацини и производствени погони.

Фумигација
Град Скопје и сите општини во Република Северна Македонија (по барање).

Активности (детално)

1) Дезинфекција

Дезинфекција е активност која опфаќа постапки за уништување или инхибирање на растот и размножувањето на патогените микроорганизми
на површини на телото, во секрети и екскрети, на предмети, материјали и во просторот, како и намалување на бројот на микроорганизми.

2) Дезинсекција

Дезинсекција е активност со постапки за намалување на популацијата на штетни инсекти најмалку до прагот на штетност,
инхибирање на нивниот раст и спречување на размножување, или целосно уништување на присутната популација на штетни членконожци
(Arthropoda) кои пренесуваат заразни болести, предизвикуваат алергиски реакции или делуваат токсично.

Примери за инсекти/вектори: лебарки, мравки, бубашваби, болви, оси, стеници и други инсекти кои можат да бидат преносители на зарази.
3) Контрола на комарци (ларвицидно и адултицидно)
  • Ларвицидно третирање – уништување на ларви со биолошки и хемиски ларвициди одобрени од надлежни институции.

  • Адултицидно третирање – уништување на возрасни комарци во места каде се задржуваат (паркови, зеленило, шеталишта и сл.).

  • Терестичка дезинсекција – прскање, оросување, замаглување (LV/ULV топла или ладна постапка) со аеросолни генератори.

  • Третманите најчесто се изведуваат рано наутро (04–06ч) или навечер (19–21ч), кога активноста на комарците е највисока.

Комбинацијата на ларвицидно и адултицидно третирање е ефикасно решение во урбана и приградска средина.
4) Дератизација

Дератизација е активност која опфаќа постапки за намалување на популацијата на штетни глодачи под прагот на штетност,
инхибирање на нивното размножување или целосно уништување на присутната популација на штетни глодачи кои се природни резервоари
и преносители на причинители на заразни болести или амбарски штетници во складишта, силоси и простории за чување храна.

5) Фумигација (специјализирана постапка)

Фумигација е активност за уништување на инсекти со високо токсични фумиганти во гасовита состојба.
Поради високиот ризик, се изведува исклучиво од стручни екипи на валидни здравствени установи со регистрирана дејност и одобрение.

Предности на фумигацијата

  • Високо ефективна дезинсекција.

  • Делување на сите развојни облици на инсекти.

  • Брза постапка за заштита на производи и предмети.

  • Може да се третира и запакувана роба без оштетување.

  • Нема резидуи во третираната роба/предмети по правилно изведена постапка.

Фумигацијата се спроведува во затворен простор со задолжителна херметизација или под гасно-непропустливи фолии, со цел безбедна експозиција.
Најчеста примена: палети со роба (хартија, јута, полиетиленска фолија и сл.) и силоси за жито (пченица, ориз, леќа и сл.).

Превентивна заштита и контрола

ДДД активностите се спроведуваат според утврдена програма и план, во согласност со биолошките, еколошките и хидрометеоролошките услови на теренот.

Scroll to Top