Советувалиште за ХИВ/СИДА
Доверливо советување и информирање • Центар за јавно здравје – Скопје
Доколку имате прашања, дилеми или потреба од совет поврзан со ХИВ/СИДА,
во советувалиштето можете да добиете информации, насоки и поддршка.
Нашиот пристап е професионален, ненавредлив и насочен кон вашата безбедност и здравје.
Што добивате
За кого е наменето советувалиштето?
Што добивате со советување?
Како советувањето ви помага
-
Да добиете точни информации и практични совети за намалување на ризикот.
-
Да ги разјасните стравовите и дилемите поврзани со можен ризик.
-
Да разберете кога има смисла да се направи тест и што значат резултатите.
-
Да добиете насоки за следни чекори и поддршка доколку има потреба.
-
Да научите како да се заштитите вие и вашиот/вашата партнер(к)а.
Што нуди советувалиштето
-
Советување пред тестирање (проценка на ризик, информации за заштита и значење на тестот).
-
Советување по тестирање (објаснување на резултатите и следни чекори).
-
Информации за ХИВ/СИДА и превенција.
-
Психосоцијална поддршка и насочување кон соодветни служби ако е потребно.
