Историјат на Центар за јавно здравје – Скопје
Центар за јавно здравје – Скопје е јавна здравствена установа која врши специјализирана превентивна здравствена заштита. Основан е со одлука на Собранието на Република Македонија на 6 јули 1993 година.
1925 – Почетоци
Во 1925 година започнува со работа Хигиенскиот завод, чија цел била одржување и унапредување на физичкото здравје на населението.
1934
Отворена е станица за заштита од маларија и ерадикација на пегав тифус во населбата Чаир. Денес таму функционира Службата за ДДД.
1951
Формиран е Завод за здравствена заштита кој ги обединил превентивните здравствени служби.
1970
Заводот се интегрира во Здравствен дом – Скопје. Од средината на 80-тите работи во состав на ООЗТ Заводи за превентивна медицина.
1991
Со новиот Закон за здравствена заштита, установата го добива името Завод за здравствена заштита – Скопје.
1994
Се одвојува од Здравствен дом – Скопје и функционира како самостојна јавна здравствена установа.
2009
Со измените на Законот за здравствена заштита, установата го добива сегашното име: Центар за јавно здравје – Скопје.
Денес
Центарот има значајна улога во јавноздравствениот систем на Скопје: следење на здравствената состојба, анализа на заразни и социјално-медицински болести, проучување на еколошките фактори и спроведување мерки за унапредување на здравјето на населението.
