
,,Едуцирана локална власт-заштитен екосистем”
Националниот проект на Центарот за јавно здравје-Скопје промовиран на работилница на COST PRAGMATICK во Романија
.
Клуж-Напока, Романија, 2-3 Октомври 2025-Центар за јавно здравје-Скопје го претстави националниот проект ,,Едуцирана локална власт-заштитен екосистем” на работилницата во рамките на европската иницијатива COST PRAGMATICK
Проектот има за цел зголемување на капацитетите на локалните заедници и поттикнување на одговорност на сите засегнати страни во контрола и превенција на векторите со значење по јавното здравје.
Медицинскиот ентомолог м-р.Николина Соколовска од Центарот за јавно здравје-Скопје ги презентираше активностите што се спроведуваат во Република Северна Македонија, насочени кон вработените во локалните самоуправи и претставници на други институции.Проектот се фокусира на практични активности за намалување на бројноста на векторите, промовирање на мерки за лична заштита и воспоставување на одржливи модели за управување со екосистемите
ЦЈЗ-Скопје продолжува со својата мисија за унапредување на јавното здравје преку едукација и соработка .
