ДДД служба – превенција за здрава и безбедна средина
Спроведуваме систематска, законски утврдена превентивна ДДД заштита и контрола,
усогласена со ХАЦЦП принципи и протоколи за безбедност на храна. Наша цел е рано
спречување на биолошки ризици и прекинување на ланецот на пренос.

дежурен систем за пријава
општини опфатени со програми
усогласеност со ХАЦЦП
реакција при индикација
Наши услуги
Планирана превентивна ДДД заштита и интервенции по епидемиолошка индикација – за јавни установи, економски оператори и домаќинства.
Систематска превентивна ДДД
Годишни планови по објекти, рутински третмани и контролни мерења во согласност со закон и локални програми.
- План/протокол по ризик
- Евиденции и извештаи
- Проверка на спроведување
Контроли според ХАЦЦП
Надзор над критични точки во објекти за храна, проверки на документи и ефективност на третманите.
Интервенции при индикација
ДДД услуги при појава/сомнеж, во координација со епидемиолог и надлежни инспекции.
Едукација и советување
Обуки за персонал: безбедно ракување со биоциди, санитарни мерки, самоконтрола и пријавување.
Мониторинг и извештаи
Лепливи стапици, мониторинг на вектори/глодари, GIS бележење и периодични извештаи со препораки.
Ентомолошка поддршка
Идентификација на видови од јавно-здравствен интерес и процена на резистентност во соработка со лабораторија.
Дезинфекција
Намалување/уништување на микроорганизми на површини, опрема, вода и воздух за спречување на пренос на зарази.
- Рутинска и терминална дезинфекција
- Хемиска/физичка (аеросол, раствори, УВ/топлина каде е применливо)
- Верификација на ефект (брисеви, евиденции)
Дезинсекција
Превентивни и корективни постапки за контрола на членконоги (комарци, муви, бубашваби и др.).
- Ларвицидни третмани – биолошки/хемиски ларвициди одобрени од МЗ.
- Адултицидни третмани – во жаришта (паркови, зеленило, шеталишта).
- Терестичка апликација: прскање/оросување/замаглување (ULV ладна или топла постапка).
- Оптимални термини: 04–06 ч. и 19–21 ч. (висока активност на комарци).
Дератизација
Сузбивање/намалување на штетни глодари (стаорци, глувци) – резервоари и преносители на заразни заболувања.
- Проценка на ризик и мапирање жаришта
- Родентициди и механички мерки (бет-стеишн, заптивање отвори)
- Контролни прегледи и извештаи
Кого опслужуваме
болници, клиники, аптеки
градинки, основни/средни
ресторани, маркети, складишта
згради и куќи
производство, магацини
канцеларии, хали
самоконтрола и записи
Ентомолошка лабораторија
Проучување на биологија и екологија на вектори (комарци и др.), мониторинг, одредување видови и процена на резистентност кон биоциди.
Лабораторијата располага со кафези за развој и колонии под контролирани услови, теренска опрема и возила за навремено земање примероци.
Тимот редовно учествува на меѓународни обуки по медицинска ентомологија и ги следи најновите протоколи за контрола на вектори.
Правен основ
Согласно член 11 т.10 од Законот за јавно здравје (Сл. весник на РМ бр. 22/10) и актот за основање на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје (Одлука бр. 08-2640/1 од 06.07.1993), Центарот е овластен да спроведува превентивни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
За спроведените активности Центарот доставува извештаи до Министерството за здравство и соработува со инспекциските служби.
Програми и често поставени прашања
Кога се изведуваат замаглувања против комарци?
Што опфаќа комбиниран пристап?
Како докажувате ефективност?
Материјали и обрасци
Контакт
ДДД служба
Бул. 3-та Македонска бригада бр.18, 1000 Скопје
Тел: 02 / 0000-000 Е-пошта: ddd@cph-skopje.mk
Работно време: Пон – Пет, 07:30 – 15:30 (дежурен систем 24/7)
