Социјална медицина

Одделение за социјална медицина

Центар за јавно здравје – Скопје

Одделението за социјална медицина работи на следење и проценка на здравствената состојба на населението,
анализа на ризици и фактори поврзани со здравјето, како и евалуација на здравствениот систем и услугите,
со цел предлагање мерки за континуирано подобрување на јавното здравје.

Анализи и индикатори
Здравствена политика
Истражувања
Партнерства

Клучни области

Здравствена состојба
Следење, анализа и проценка на здравјето и здравствените ризици кај населението.

Животна средина и однесување
Анализа на животни навики, здравствена култура и ризици од средината во корелација со здравјето.

Систем и услуги
Евалуација на здравствениот систем, капацитети и услуги за поголема ефективност.

Надлежности и активности

  • Следење, анализа и проценка на здравствената состојба на населението, откривање и проучување на здравствени проблеми и ризици, утврдување нарушувања од социјално-медицинско значење и предлагање мерки за подобрување.

  • Пратење и проценка на однесувањето и животниот стил (здравствена култура, начин и квалитет на живеење), како и проценка на состојби и ризици во животната средина во корелација со здравјето на населението.

  • Проучување и евалуација на организацијата на здравствениот систем (установи, опрема, кадар), следење на работењето и развојот на службите и услугите, со цел предлагање мерки за постојано подобрување на здравствената заштита.

  • Следење и анализа на човечките ресурси во здравството (број и структура на вработени, планови за професионален развој, обезбеденост со обучени кадри и современи услуги) и предлагање мерки за подобар пристап на корисниците до услугите.

  • Предлагање елементи од здравствена политика и учество во изработка и развој на закони и прописи, како и предлагање мерки преку меѓуресорска соработка за подобрување на здравјето на населението.

  • Спроведување применети истражувања од областа на јавното здравје и користење на резултатите во предлагање политики и донесување одлуки.

  • Соработка со локална самоуправа за идентификација и решавање здравствени проблеми и подигнување на знаењето и едукацијата на населението.

  • Соработка со меѓународни организации во рамки на програми и проекти на републичко, регионално и локално ниво.

  • Професионално учество во стручни тела на локално, регионално и републичко ниво.

  • Мерки во итни состојби и вонредни јавно-здравствени околности преку следење, анализа и контрола на ризици и закани по јавното здравје.

Работата на Одделението е насочена кон подобрување на здравјето на населението преку податоци, анализи, партнерства и практични мерки.

Контакт и соработка

За прашања, податоци, извештаи или партнерства, контактирајте не.

Сите услуги

Scroll to Top