Здравствено-хигиенски (санитарни) прегледи

Брзо, професионално и согласно закон — санитарни прегледи за вработени
кои доаѓаат во контакт со деца, пациенти, храна или вода за пиење.
Добијте со јасни чекори, транспарентни цени
и издавање во истиот ден.

Санитарни прегледи во ЈЗУ ЦЈЗ Скопје

Законски усогласеноСл. весник: 66/04 и 152/07
Истиот денпреглед + резултати
Централна локацијаЦЈЗ – Скопје
За компаниитеренски/групни термини

Кому му се задолжителни прегледите?

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник 66/04) и Правилникот (152/07).

Образование и грижа

Вработени во установи за основно/средно образование, градинки, студентски домови и рекреација на деца/млади.

Види повеќе

Здравство и фармација

Здравствени работници/соработници и лица во производство, подготовка и издавање на лекови.

Види повеќе

Храна и вода

Лица што се во непосреден допир со храна или вода за пиење при производство, промет и снабдување.

Види повеќе

Хигиенска нега и козметика

Лица што укажуваат хигиенска нега, работат со козметика, предмети за општа употреба или рекреација на населението.

Види повеќе

Работодавачи

Организации што организираат прегледи за повеќе вработени; можни се теренски посети по договор.

Испрати барање

Што опфаќа санитарниот преглед?

1) Лекарски преглед

Анамнеза, клинички наод и процена на работната позиција според ризик.

2) Микробиологија/паразитологија

Земање материјал и лабораториски испитувања согласно правилник и позиција.

3) Санитарна книшка

Запишување на резултатите и издавање санитарна книшка за чување кај работодавачот/лицето.

* Видот на анализите се определува според работното место и важечките нормативи. По потреба се прават дополнителни тестирања.

Како функционира – во 4 чекори

1. ЗакажувањеИзберете термин онлајн или по телефон.
2. ДокументиЛК/пасош + образец; доаѓате на преглед.
3. Земaње материјалМикробиолошки/паразитолошки тестови според позиција.
4. Книжка истиот денРезултати и санитарна книшка во попладневен термин.

Каде и кога се вршат прегледите?

Локација

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје
Одделение по хигиена и здравствена екологија
* По барање: и во простории на работните организации.

Прием: 07:30 – 12:30
Издавање книшки: 12:30 – 15:00
Работни денови

Контакт

Телефон: 02 / 3298-667 / 163 локал
Е-пошта: higiena@cph-skopje.mk

Законски основ

Се спроведува согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник бр. 66/04)
и Правилникот за начинот на вршење, содржината и роковите на задолжителните здравствено-хигиенски прегледи
(Сл. весник бр. 152/07).

Најчести прашања

Колку трае целиот процес?
Приемот е од 07:30 до 12:30; санитарната книшка обично е подготвена истиот ден, од 12:30 до 15:00.
Што треба да понесам?
Лична идентификација и пополнет образец. По потреба и упат/дополнителна документација од работодавач.
Дали правите групни/теренски прегледи за компании?
Да. Контактирајте нè за распоред и понуда; можни се теренски термини по договор.
Scroll to Top