Вакцинации
Одделение за епидемиологија
Врз основа на Законот за здравствена заштита и Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија,
Отсекот за имунизација, тропски болести и антирабична заштита врши вакцинација според епидемиолошки индикации и согласно препораките на
Светската здравствена организација (WHO).
Советување за патување
Вакцинација по индикации
Антирабична заштита
Здравствен надзор по враќање
Клучни информации
Подготовка
По потреба, според вид на вакцина и дестинација.
Кога да се јавите
Идеално 2–6 недели пред патување (за да има време за заштита).
По патување
Здравствен надзор и советување по враќање од ризични региони.
Вакцинација според епидемиолошки индикации
Податоците подолу се информативни. Конечната препорака зависи од дестинација, ризик, возраст и здравствена состојба.
| Болест | Вакцина | Аплицирање | Заштита |
|---|---|---|---|
| Жолта треска | Stamaril | 10 дена пред ризик од инфекција (еднократно) | 10 год. |
| Тифусна треска | Typherix / Typhim Vi | еднократно | 3 год. |
| Пневмококни инфекции | Pneumo 23 | еднократно | 5–10 год. |
| Хепатитис A | Havrix 1440 | двократно (0 и 6–12 мес.) | 5–10 год. |
| Хепатитис B | Engerix-B | трикратно (0, 1 и 6 мес.) | траен |
| Хепатитис A / Хепатитис B | Twinrix | трикратно (0, 1 и 6 мес.) | 10 год. |
| Дифтерија / Тетанус | Di-Te | еднократно | траен |
| Тетанус | Tetavaksal-T | трикратно (0, 1–2 мес. и 6–12 мес.) | 10 год. |
| Менингококов менингитис | Mencevax ACYW 135 | еднократно | 3 год. |
| Маларија | Mephaquine / Malanil (Malarone) / Resochin (Chlorochin) | Таблетите се даваат според распоред (хемиопрофилакса) по проценка на ризик и дестинација. | Заштитата престанува по завршување на хемиопрофилаксата. |
Дополнително: Се врши подготовка на лица кои патуваат во ризични региони и здравствен надзор по нивното враќање.
