PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 278 |
Visits (this month): | 23826 |
Visits (this year): | 75948 |
Visits (total): | 1069490 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Меѓународниот ден против злоупотреба на дрога и недозволена трговија или Светски ден против дрогата, се одбележува секоја година на 26 јуни, со цел да се зајакне акцијата и соработката, за постигнување свет без злоупотреба на дрога. Секоја година, поединци, цели заедници и различни организации ширум светот се придружуваат за да го одбележат Светскиот ден против дрогата за да помогнат да се подигне свеста за главниот проблем што недозволените дроги му го претставуваат на општеството.
Светскиот извештај за дроги за 2021 година, објавен од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UN Оffice for drugs and crime), покажа дека околу 275 милиони луѓе користеле дрога во светот минатата година, додека над 36 милиони луѓе страдале од нарушувања предизвикани од употребата надрога.
Покрај тоа, повеќето земји пријавиле пораст на употребата на канабис за време на пандемијата. Во анкетите на здравствените работници во 77 земји, 42% тврдат дека употребата на канабис е зголемена. Во истиот период е забележан и пораст на немедицинската употреба на фармацевтски лекови.
На глобално ниво, се проценува дека над 11 милиони луѓе инјектираат дроги, од кои половината живеат со хепатит Ц. Опиоидите продолжуваат да претставуваат најголем товар на болести кои се припишуваат на употребата на дрога.
Во 2022 година, светот продолжува да биде сведок на раширени хуманитарни кризи во различни места во светот, додека пандемијата COVID-19 сè уште е голема глобална здравствена криза. Кризата со синтетички дроги бара прилагодливи решенија. Сè поголемото чувство за глобална заедница и солидарност продолжува да се појавува, како и потребата да се грижиме за сите во време на кризи.
Со кампањата „CareInCrises“, помогни ни да го направиме Светскиот ден на дрогата пресвртна точка во глобалните напори за справување со предизвиците од дрогата.
Подготвил,
Вјолца Бериша, дипл.професор по одделенска настава
Одд. за социјална медицина
https://www.unodc.org/unodc/en/data-and-analysis/wdr2021.html
|