Меѓународен ден на младите


Одбележување на Меѓународниот ден на младите започна во 2000 година и беше организиран од Обединетите нации за да се прослави придонесот што младите луѓе го даваат во образованието, вработувањето, решавањето конфликти и социјалната правда.

Меѓународниот ден на младите се одбележува секоја година на 12 август и е иницијатива што ги слави квалитетите на младите луѓе и ги препознава предизвиците со кои може да се соочи денешната младина.

Меѓу фокусните области за развој и заштита на младите со оваа иницијатива на ОН се образованието, вработувањето, животната средина, деликвенцијата, здравјето на девојчињата и младите жени, ХИВ/СИДА и меѓугенерациските односи. Овие теми беа официјално одредени во 1995 година, на десетгодишнината од Меѓународната година на младите.

Младите имаат моќна улога во промените и прогресот кога се едуцирани и поттикнати да учествуваат во донесување на одлуки. Сепак, голем број на млади низ светот се оставени без образование. Нивната едукација е со ниски стандарди, или воопшто не се образуваат и ретко имаат можност да најдат пристојна работа. Пристапот до основна информација и услуга за нивното сексуално и репродуктивно здравје им е отежнат. Без овие алатки, младите луѓе, особено младите жени, се соочуваат со сиромаштија, рана бременост, болест и други предизвици.

Светот моментално ја има најголемата генерација млади во историјата. Младите луѓе претставуваат надеж за иднината. Сепак, тие се повеќе од само тоа.

По повод Меѓународниот ден на младите:

„Младите луѓе не се само нашата иднина – тие се нашата сегашност… Тие се најповрзаната и најотворената генерација што светот некогаш ја видел“.

Изработил: Дипл.мед.сес.ИРАДЕТ АСАНИ,   Одд. за социјална медицина

Извор : https://www.oikoumene.org/events/ecumenical-international-youth-day-2024

1 thought on “Меѓународен ден на младите”

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top