PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 458 |
Посети (овој месец): | 15588 |
Посети (оваа година): | 93539 |
Посети (вкупно): | 1087081 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
МЕГУНАРОДЕН ДЕН ПРОТИВ СИРОМАШТИЈАТА 2022
Меѓународен ден против сиромаштијата
9,9% ОД ЛУЃЕТО ГЛОБАЛНО се погодени од глад
149 милиони ДЕЦА ВО СВЕТОТ ( ОКОЛУ 1 ДО 5) се хронично неухранети
3,1 милиони ДЕЦА ВО СВЕТОТ умираат од глад секоја година
На 17 Октомври секоја година се одржува Светскиот ден на сиромаштијата, или познат како Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата. Тој преставува и меѓународен ден за подигнување на свеста за потребата да се стави крај на глобалната сиромаштија во сите нејзини форми. За првпат е обележан на 17 Октомври 1978 година, како Светски ден за надминување на екстремната сиромаштија. Пет години подоцна Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ја прогласи сиромаштијата како причина за кршење на човековите права и ја потврди потребата да се работи на почитување на правата на сиромашните и да се намали стапката на сиромаштија ширум светот. Секаде каде што луѓето живеат во екстремна сиромаштија, се кршат човековите права. Светскиот ден на сиромаштијата има за цел да промовира дијалог и разбирање меѓу луѓето кои се наоѓаат под прагот на сиромаштијата, заедниците во кои живеат и во светот воопшто.
Пандемијата со корона вирусот, тешките временски услови и руско-украинската војна која се заканува на нашиот свет со глобална прехрамбена криза, допринесувауште сега да се чувствува недостигот на храна. Овие околности го отежнуваат или оневозможуваат купувањето на храна, а како што состојбите продолжуваат, многу луѓе во иднина ќе доживеат недостиг во снабдување со храна. Глобалната криза го менува деценискиот напредок постигнат во борбата против сиромаштијата во земјите со низок и среден приход ширум светот, а недостигот на храна само ќе се влошува во иднина. Неухранетоста, гладот и хроничните здравствени проблеми се сериозни, потенцијално опасени по живот на луѓето кои живеат во сиромаштија.
Извор: https://www.compassion.com/world-days/world-poverty-day.htm
Пристапено на 10 Oктомври 2022
Подготвил: Магдалена Јованова, дип.педагог/
Одделение за социјална медицина/Октомври, 2022 година
|