PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 757 |
Посети (овој месец): | 10880 |
Посети (оваа година): | 347312 |
Посети (вкупно): | 1340854 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден на крводарителството
20 години прославување на дарувањето: Ви благодариме крводарители!
На Светскиот ден на крводарителството, кој се одбележува на 14 јуни, СЗО, нејзините партнери и заедниците ширум светот ќе се обединат зад темата:
“20 години од прославувањето на дарувањето: Ви благодариме крводарители!“
20-годишнината од Светскиот ден на крводарителството е одлична и навремена можност да им се заблагодариме на крводарителите ширум светот за нивните животоспасувачки донации низ годините и да го почитуваме нивното големото влијание и врз пациентите и врз донаторите. Исто така, ова е момент да се одговори на постојаните предизвици и да се забрза напредокот кон иднината каде што безбедната трансфузија на крв е универзално достапна.
Целите на овогодинешната кампањатасе:
- Да се даде благодарност и признание на милионите доброволни крводарители кои придонеле за здравјето и благосостојбата на милиони луѓе ширум светот.
- Да се прикажат достигнувањата и предизвиците на националните програми за крв и да се споделат најдобрите практики и научените лекции.
- Да се нагласи континуираната потреба од редовно, неплатено дарување крв за да се постигне универзален пристап до безбедна трансфузија на крв.
- Промовирање на култураза редовно дарување крв меѓу младите и пошироката јавност.
Клучни пораки се:
- Безбедната крв спасува животи.
- Крвта им е потребна на жени со компликации за време на бременост и породување, деца со тешка анемија, често како резултат на маларија или неухранетост, жртви на несреќи и хируршки пациенти и пациенти со рак.
- Потребно е редовно дарување крв од доволен број здрави луѓе за да се осигури дека крвта секогаш ќе биде достапна кога и каде е потребна.
- Иако потребата за крв е универзална, пристапот до крв не е. Недостигот на крв е акутен во земјите со низок и среден приход.
- Секое дарување крв или плазма е скапоцен подарок што спасува живот, редовното донирање е клучот за градење безбедно и одржливо снабдување.
- Широкото учество на населението во редовното дарување крв и плазма гарантира дека секој може да пристапи до крв и плазма протеини кога им е потребно.
- Обезбедувањето на безбедноста и благосостојбата на дарителите на крв и плазма е критично, тоа помага да се изгради посветеност на редовните донации.
- Ви благодариме крводарители. Вашите несебични донации имаа големо влијание врз животите и благосостојбата на милиони луѓе, како и на нивните семејства и заедници ширум светот.
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. соц. работник/ Одделение за социјалнa медицина,
Јуни, 2024 година
Извор: https://www.who.int/campaigns/world-blood-donor-day/2024,
https://www.who.int/campaigns/world-blood-donor-day/2024/key-messages
|