PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 402 |
Посети (овој месец): | 27951 |
Посети (оваа година): | 330718 |
Посети (вкупно): | 1324260 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Пролетни здравствени совети
Пролетниот замор го зафаќа речиси секој втор човек
За да ги спречите тегобите кои вообичаено се јавуваат во пролет, потребно е добро да се подготвите.
Напролет најчесто страдаме од ослабен имунитет, замор, потешкотии со спиењето, варењето на храната, алергии...
Чувството на слабост напролет е последица од недостигот на витамин Ц и други витамини кои се трошат за време на зимскиот период. Неретко се јавува промена на крвниот притисок, главоболка, мигрена и сл.
За да ги избегнете несаканите тегоби, следете ги следните совети:
1.Што повеќе движење на свеж воздух
2.Излегувајте на сонце секогаш кога е тоа можно
3.Јадете лесна храна
4.Не заборавајте да јадете по 400 грама свежо овошје и зеленчук на ден
5. Редовно консумирајте по 2-3 литри вода секој ден
6.Намалете цигари и алкохол
7.Релаксирајте се
8.Одморајте се доволно и спијте барем 8 часа секој ден
Луѓето кои немаат никакви проблеми напролет, доволно е да ги зголемат физичките активности на отворен простор.
Повозрасните и оние кои имаат срцеви проблеми доволно е почесто и повеќе да се одмораат на затворено, се додека на се прилагодат на новонастанатите климатски услови.
Алергии напролет
При појава на првите знаци на пролетта и буење на природата се јавуваат голем број потенцијални алергени во воздухот кои предизвикуваат алергии кај чувствителните луѓе.
Многу луѓе воопшто не знаат дека имаат алергија бидејќи симптомите кои се јавуваат се како обична настинка.Најчесто како придружни симптоми се јавуваат и главоболка, намалена концентрација, намален имунитет и сл. Затоа се препорачува промена на исхраната со внесување на што повеќе свежо овошје и зеленчук, витамини и минерали како додатоци на редовната исхрана и користење на соодветена терапија, препорачана од доктор во слуај на влошување на здравствената состојба.
Основни превентивни тераписки мерки за алергии
1. Алергиите можат да се намалат или спречат со прекин на контактот со алергените. Што значи, поретки излегувања на свеж воздух.
2. Доколку и понатаму симптомите продолжуваат, се препорачува посета на доктор и користење на соодветна терапија.
3. Внесување на што повеќе витамин Ц, железо и другите витамини и минерали, како и внесување што повеќе течности заради детоксикација на организмот од токсините кои се наталожиле за време на зимскиот период.
4. Храна која се препорачува напролет:
Агруми, друго свежо овошје, овесни снегулки, мешункаст зеленчук, пилешко месо и риба, смокви и сл.
5. Редивно тушрање, доволно сон и доволно прошетки.
6. Редовно користење на различни чаеви, особено на оние со диуретичен ефект.
7. Намалено конзумирање на алкохол и цигари, како би му помогнале на организмот да се ослободи од штетните токисчни материи насобрани за време на зимата.
|