PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Pjesëmarrje
Vizitat e sotshme: | 488 |
Vizitat (këtë muaj): | 15618 |
Vizitat (këtë vit): | 93569 |
Vizitat (totale): | 1087111 |
Reagime
Të nderuar,
Do të na ndihmoni shumë në qëllimin që të jemi më të mirë dhe më efektiv në punën tonë nëse komentet tuaja, sugjerimet dhe ankesat i shkruani në formularët e mëposhtëm (Ankesë dhe Pyetësorë) dhe ato i dërgoni në E-Mail adresën vijuese: info@cph.mk
Историја на Светскиот ден на крводарителството
Светскиот ден на крводарителот се одржува на 14 јуни секоја година за да се прошири свеста за значењето на крводарителството и да се признае придонесот на доброволните крводарители во спасувањето животи.
Денот се слави на годишнината од раѓањето на австрискиот биолог и лекар, Карл Ландштајнер. Тој се смета за основач на модерната трансфузија на крв. Денот, исто така, дава можност да се повикаат на акција владите и националните здравствени власти да обезбедат соодветни ресурси за зголемување на собирањето крв од доброволни, неплатени крводарители и за управување со пристапот до крв и трансфузијата на оние на кои им е потребна.
Фокусот на овогодинешната кампања
За 2022 година, слоганот на Светскиот ден на крводарителството е „Дарувањето крв е чин на солидарност. Придружете се на напорите и спасете животи“, за да се привлече вниманието на улогата што доброволното дарувањe на крв ја игра во спасувањето животи и зајакнувањето на солидарноста во заедниците.
Специфичните цели на овогодинешната кампања се:
*Благодарностна крводарителите во светот и да секрене пошироката јавна свест за потребата од редовно, бесплатно дарување крв;
*Да се нагласи потребата од посветено дарување крв во текот на целата година за да се одржуваат соодветни залихи и да се постигне универзален и навремен пристап до безбедна трансфузија на крв;
*Да се препознаат и промовираат вредностите на доброволното неплатено дарување крв во зајакнување на солидарноста и социјалната кохезија во заедницата;
*Да се подигне свеста за потребата од зголемени инвестиции од владите за изградба на одржлив и отпорен национален крвен систем.
Посебна активност што земјите во светот се охрабруваат да ја спроведат за овогодинешната кампања е да се шират до различни медиуми приказни за луѓе чии животи се спасени преку дарување крв како начин за мотивирање на редовните крводарители да продолжат да даваат крв и да ги мотивираат луѓе со добро здравје кои никогаш не дале крв за да почнат да го прават тоа.Вашето вклучување и поддршка ќе помогне да се обезбеди поголемо влијание за Светскиот ден на крводарителството, 2022 година, зголемувајќи го признанието ширум светот дека давањето крв е чин на солидарност кој спасува живот и дека услугите што обезбедуваат безбедна крв и крвни продукти се суштински елемент на секој здравствен систем. Мексико ќе биде домаќин на Светскиот ден на крводарителството во 2022 година преку својот Национален центар за крв. Глобалниот настан ќе се одржи во Мексико Сити на 14 јуни 2022 година
Изготвил: Никица Јаќовска, дипл. МЧР, Одделение за социјална медицина
Извор: https://www.who.int/news-room/events/detail/2022/06/14/default-calendar/world-blood-donor-day-2022
|