PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 905 |
Посети (овој месец): | 28301 |
Посети (оваа година): | 468680 |
Посети (вкупно): | 1462222 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден за борба против пушењето
-31 мај 2014-
2014: Да ја покачиме таксата на тутунот
Глобалната епидемија на пушење секоја година убива близу 6 милиони луѓе, од кои повеќе од 600 000 се непушачи кои умираат како последица од пасивно пушење. Доколку не делуваме, оваа епидемија ќе убива повеќе од 8 милиони луѓе секоја година до 2030 година. Повеќе од 80% од оваа смртност што може да се превенира, ќе биде меѓу луѓето кои живеат во земјите со низок и среден приход.
За Светскиот ден на борба против пушењето, СЗО заедно со своите партнери ги повикува земјите да го зголемат данокот на цигарите.
Редуцирај го пушењето, спаси животи
Во рамките на СЗОРамковната Конвенција за Контрола на Пушењето (WHO FCTC), земјите треба да имплементираат политики за данокот и цената на цигарите, како начин за намалување на пушењето. Истражувањата покажуваат дека повисоките даноци се особено ефективни во редуцирање на пушењето меѓу лицата со пониски приходи и во спречувањето на младите луѓе да започнат да пушат. Воведувањето на зголемен данок на тутунот за 10%, го намалува пушењето за 4% во земјите со висок приход и до 8% во повеќето земји со низок и среден приход.
Зголемувањето на даночната такса на тутунот се смета за најефективна мерка за контрола на пушењето. World Health Report 2010, укажува на тоа дека покачувањето на даночната такса за 50% ќе генерира нешто повеќе од 1,4 милијарди US$ во други фондови во 22 земји со низок приход. Ако овие средства се распределат во здравството, тогаш трошењето на владите за здравствена заштита во овие земји може да се зголеми до 50%.
Цели
Главна цел на Светскиот ден за борба против пушењето е да се придонесе за заштита на сегашните и идните генерации не само од разорните последици од пушењето по здравјето, туку, исто така, и од социјалните и економските штети и штетите кон животната средина, кои ги предизвикува пушењето и изложувањето на чадот од тутунот.
Специфични цели на кампањата за 2014 година се:
- Владите да го зголемат данокот на тутунот до ниво кое би го редуцирало пушењето;
- Индивидуите и граѓанските организации да ги поттикнат своите влади да ги зголемат даноците на тутунот до ниво кое би го редуцирало пушењето.
Секоја година на 31 мај СЗО и нејзините партнери насекаде во светот го одбележуваат Светскиот ден за борба против пушењето, истакнувајќи ги ризиците по здравјето поврзани со пушењето и застапувајќи ги ефективните политики за редуцирање на пушењето. Пушењето е единична најпревентибилна причина за смртност во светот на глобално ниво која денес е одговорна за 10% од смртноста кај возрасните лица во светот.
Related Links:
|