Македонски (Macedonian)Shqip (Albanian)English (United Kingdom)

sida

Sovetuv SZR

Sovetuv SZR

MZZ
FZOM
DZS
szo
ijz
LOGO LKM

Посетеност


Денешни посети:47
Посети (овој месец):1742
Посети (оваа година):35162
Посети (вкупно):125854

Повратни информации

Почитувани,

Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk

word-icon-256x256word-icon-256x256

Известување

word-icon-256x256

Одделение за хигиена со здравствена екологија


ozhigenaАКТИВНОСТИ:

Следење и проучување на исхраната и ухранетоста на населението

Со цел превенција на болестите поврзани со небезбедна храна во ЦЈЗ-Скопје се врши лабораториска контрола на храната и чистотата на објектите во кои се приготвува храна за предучилишни и училишни установи, ученички, студентски домови и болници.

За таа цел врз основа на Националната програма за јавно здравје во РМ, по барање или договор од страна на нарачател/клиент кој се занимава со приготвување храна за колективни центри, се вршат:

-          стручни увиди во објектите во кои се приготвува храната;

-          земање брисеви од опремата, орадијата за работа и садовите, работните површини и се друго што во процесот на подготовка доаѓа во допир со храната, за микрбиолошка анализа на истите;

-          земање примероци храна за лабораториска анализа (микробиолошка и хемиска);

             Врз основа на добиените резултати се изготвува извештај со анализа и проценка на здравствениот ризик на безбедноста на храната и предметите кои се во допир со храната и истиот се доставува до нарачателот.

              Освен контрола на безбедноста на храната се врши и контрола на квалитетот т.е. биолошката вредност на исхраната која се подготвува во предучилишните, училишните установи, студентски и ученички домови на територијата која ја покрива ЦЈЗ-Скопје.

              Со цел да се определи просечниот внес на хранливи материи кој овозможува одржување на здравје кај овие популациони групи, се анализираат целодневни оброци приготвени во овие институции.

Се испитува енергетската вредност на храната, застапеноста на белковини, масти и јаглени хидрати, како и витамини и минерали во составот на приготвените  оброци.

              Врз основа на добиените резултати и споредено со препорачаните стандарди за секоја популациона група се изготвува анализа и проценка за квалитетот на храната и евентуалните неправилности на истата.

                                                                                         

Следење на нуритивниот статус кај предучилишни и училишни деца во функција на рана детекција на прекурсори на можни здравствени ризици за појава на хронични незаразни заболувања

               На определен репрезентативен примерок деца на регионот што го покрива ЦЈЗ-Скопје се вршат антропометриски испитувања согласно методологијата доставена од ИЈЗ и според препорачаните стандарди  за раст и развој (СЗО 2006, СЗО 2007), се проценува нутритивниот статус на секое дете поединечно и популационата група заедно.

               За таа цел на репрезентативен примерок деца на возраст од 4 до 5 год., прво одд., петто одд и прва година средно училиште се мери телесна висина, телесна тежина, обем на надлактица, обем на струк и обем на колк.

              Добиените податоци се обработуваат софтверски со методологија според препораките на СЗО.

              Врз основа на добиените податоци се проценува нутритивниот статус на секое дете пединечно и популационата група заедно.

Здравствен надзор над лица

ozhigena1


      Секое лице кое работи во производство и промет со храна, во предучилишни,училишни и здравствени организации,како и лица кои работат во производство и промет налекови,медицински потрошен материјал,помошни лековити средства и  козметички препарати потребно е да има извршено санитарно-здавствен преглед. Целта на овој преглед е да се утврди дали лицето е заболено од некое заразно заболување или можеби  е бацилоносител. Со овој преглед се врши микробиолошки преглед на брис од нос, грло и копрокултура или само брис од нос и грло.

       Начинот, видот и динамиката на овие прегледи е законски регулиран со Правилникот за начинот на вршење на санитарно-здравствени прегледи.

Санитарно - хигиенска дејност


Врз основа на домашната легислатива, меѓународните трендови, акти и стратегии Центарот за јавно здравје - Скопје ја спроведува преку: 

 1. Процена на здравствено-еколошкиот ризик во врска со квалитетот на водите и водоснабдувањето како и воспоставување на здравствена евиденција на водоснабдувањето

    • следење, спроведување и предлагање мерки за снабдување на населението со здравствено исправна вода за пиење;
    • санитарен надзор над објектите за водоснабдување, над извориштат и нивната околина;
    • следење на здравствената исправност на водата за пиење со бактериолошки и физичко-хемиски анализи, во обем за основна анализа, периодична, за нови зафати и по хигиено-епидемиолошки индикации;
    • следење на хигиенскиот квалитет на површинските и отпадни води од здравствено- колошки аспект;

 

2.  Процена на здравствено-еколошкиот ризик на водите за капење и рекреација кај отворените и затворени базени преку санитарно-хигиенски надзор со бактериолошки и физичко-хемиски анализи на водата

  1. 3.Процена на здравствено-еколошкиот ризик од квалитетот на   површинските и отпадните води од здравствен аспект со бактериолошки и физичко-хемиски анализи 

 

 

 1. 4.Процена на здравствено-еколошкиот ризик на хигиенскиот квалитет на воздухот преку мониторинг и испитување на загадувачки материи, предлагање мерки за заштита на воздухот од загадување и следење на влијанието на загадениот воздух врз здравјето на луѓето преку обработка на морбидитетот на респираторни заболувања кај предучилишни и училишни деца

 

 

 1. 5.Процена на здравствено-еколошкиот ризик на штетната бучава во животната средина преку мерење на нивото на комуналната бучава и процена на негативните ефекти од бучава кај изложената популација преку стандардизирани прашалници кај репрезентативен примерок

Следење на здравствената исправност на прехранбените производи со бактериолошка анализа и со основна санитарно-хемиска анализа

 ozhigena2

            Контрола на храната претставува задолжителна активност зајакната од националните власти со цел обезбедување на заштита на потрошувачите и обебедување на севкупната храна во производството, ракувањето со неа, чувањето, процесирањето и дистрибуцијата со цел да се обезбеди исатата да е сигурна,здрава  и соодветствува на човековата исхрана: дека одговара на стандардите за квалитет и безбедност и точно и вистински е означена според важечките закони.

           ЦЈЗ-Скопје со својата дејност припаѓа на системот за контрола на безбедноста на храната во РМ.

     Поточно во лабораториите за храна во ЦЈЗ-Скопје, се вршат испитувања на безбедноста на производите и се дава стручно мислење за безбедност на  храната за човечка употреба.

           Врз основа на лабораториските наоди инспекциските служби понатаму постапуваат, односно дозволуваат увоз и промет на храна доколку истата е безбедна за човекот и не постои ризик од нејзина употреба.

           За да се изврши правилна оценка на квалитетот и безбедноста на еден производ, пред се, потребно е правилно да се земе примерок од прехранбениот производ, за микробиолошка и хемиска анализа и истите да се транспортираат соодветно до лабораториите. Мострирањето на прехранбени продукти, вода за пиење, минерални, подземни и површински води се врши на лице место од страна на нашите стручни екипи кои потоа на соодветен, компетентен начин ги дистрибуираат земените примероци од храна и вода до лабораториите во ЦЈЗ Скопје, согласно интернационалните стандарди.

            Микробиолошкиот преглед, согласно националното законодавство за микробиолошка безбедност на храната опфаќа преглед на:

Салмонелла, коагулаза позитивни стафилококи, сулфиторедукувачки клостридии, Есхерихија цолли, вкупен број живи бактерии, квасци и мувли, во зависност од групата на прехранбени производи.

          Хемискиот преглед се врши со цел да се утврди хемискиот состав/квалитетот на храната и присуство на одредени адитиви или други контаминенти во храната (тешки метали, пестициде и микотоксини).

         Хемискиот состав на прехранбените производи  е регулиран со подзаконски акти (правилници) за секоја група на прехранбени  производи во кои се пропишани нормите за квалитет. Секој производ треба да одговара на стандардите пропишани во овие правилници или на меѓународните стандарди.

Во состав на Одделението за хигиена со здравствена екологија влегуваат хемиските лаборатории кои се поделени во зависност од областа на испитување во два отсеци:

-          Отсек за санитарна хемија каде се испитува: здравствената безбедност, квалитетот и адитивите на храната; контаминенти на храна од типот: тешки метали, пестициди и миктотоксини; водата за пиење, како и вода од базените за рекреација; предметите за општа употреба.

-          Отсек за екотоксикологија каде се испитува: квалитетот на воздухот на подрачјето на град Скопје, површинските води од реки, природни и вештачки езера во околината на градот, отпадните води од разни индустрии,

-          Лаборатории за хемиски анализи во Одделение за хигиена:

  • Лабораторија за здравствена безбедност, квалитет и адитиви на храна
  • Лабораторија за предмети за општа употреба
  • Лабораторија за вода за пиење и површински води за рекреација - базени
  • Лабораторија за аерозагадување
  • Лабораторија за отпадни и површински води од реки и езера
  • Лабораторија за пестидици
  • Лабораторија за микотоксини
  • Лабораторија за тешки метали

 

Лабораториите за микробиолошко и хемиско тестирање храна и вода се сертифицирани и акредитирани по интернационали стандарди: ИСО 9001/2008 (втора ресертификација реализирана во 2010 год) и акредитирани согласно барањата на стандардот ИСО 17025/2006 за докажување на компетентноста на лабораториите за тестирање (од 2010 год.).


Декември 2017
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
УПОТРЕБА НА ПСИХОАКТИВНИ СУБСТАНЦИ ПОМЕЃУ ОПШТАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2017 УПОТРЕБА НА ПСИХОАКТИВНИ СУБСТАНЦИ ПОМЕЃУ ОПШТАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2017 Прес конференција Промоција на извештај од истражување, УПОТРЕБА НА ПСИХОАКТИВНИ СУБСТАНЦИ ПОМЕЃУ ОПШТАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО РЕПУБЛИК... повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Како да се одвикнете од цигарите во Македонија, интервју со д-р Симоновска Комуникација со медиумите     повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Пушачите тешко се откажуваат од цигари, фалат кампањи за подигање на свеста Комуникација со медиумите     повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Докторите: Цигарите најголем непријател на здравјето Комуникација со медиумите     повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите 39-годишник се откажал од цигари по само шест посети на советувалиштето Комуникација со медиумите     повеќе...
Здравствена едукација окт/дек 2015г Здравствена едукација окт/дек 2015г Во четвртиот квартал на 2015 година, Отсекот за промоција на здравјето спроведе активности за здравствената едукација на населението на подр... повеќе...
Здравствена едукација јули/септ 2015г Здравствена едукација јули/септ 2015г Здравствена едукација спроведена од отсекот за здравствено воспитание, промоција на здравјето, на подрачјето што го покрива Центарот за јавн... повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Лекарите и сестрите не се откажуваат од цигарите по никоја цена Комуникација со медиумите     повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите СЗО бара цигарите да поскапат уште повеќе Комуникација со медиумите     повеќе...
Здравствена едукација, втор квартал 2015 Здравствена едукација, втор квартал 2015 Здравствена едукација спроведена на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Скопје од Отсекот за здравствено воспитание (промоци... повеќе...
Обука за превенција на ХИВ Обука за превенција на ХИВ Двајца претставници, д-р Мелек Осман, доктор по медицина и Бајруш Исламовски, виш социјален работник, од Одделението за социјална медицина в... повеќе...
Здравствена едукација, јануари-март 2015 Здравствена едукација, јануари-март 2015 Здравствена едукација спроведенa на територијата на ЦЈЗ Скопје од Одделението за социјална медицина, Отсек за промоција на здравјето во пери... повеќе...
6 март 2015 6 март 2015 Национална конференција „Јакнење на жените – јакнење на човештвото, претставете си!“ 6 март 2015 повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Пушачите незаинтересирани за советувалиштата за откажување од цигари Комуникација со медиумите повеќе...
Здравствена едукација, декември  2014 година Здравствена едукација, декември 2014 година Во месец декември, Центарот за јавно здравје-Скопје согласно Планот за работа на Центарот за јавно здравје-Скопје и Националната годишна про... повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите СЛАБ ИНТЕРЕС ЗА СОВЕТУВАЛИШТАТА ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО ОД ЗДРАВЈЕТО СЕ ОТКАЖУВААТ, АМА НЕ И ОД ЦИГАРИТЕ Комуникација со медиумите ... повеќе...
Работна средба за советувачи од Советувалишта за ДДСТ, Скопје, 19 декември 2014 Работна средба за советувачи од Советувалишта за ДДСТ, Скопје, 19 декември 2014 Работна средба за советувачи од Советувалишта за ДДСТ, Скопје, 19 декември 2014 Институтот за јавно здравје на Република Македонија орг... повеќе...
Здравствена едукација, ноември  2014 година Здравствена едукација, ноември 2014 година Здравствена едукација, ноември  2014 година  Во месец ноември, Центарот за јавно здравје Скопје  согласно планот за работа на ЦЈЗ Скопје и ... повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите МЛАДИТЕ И ПУШЕЊЕТО: Го надминавме светскиот просек Во меѓународни рамки, 22 отсто од младите од 14 до 24 години се со цигара в рака. Кај на... повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Загадувањето на воздухот и пушењето се неспоредливи Хемискиот состав на аерозагадувањето и тој на цигарите се различни, но најголемиот бр... повеќе...
Здравствена едукација, октомври  2014 година Здравствена едукација, октомври 2014 година Центарот за јавно здравје Скопје,согласно планот за работа,во месец октомври продолжи со здравствена едукација на учениците во основните учи... повеќе...
Здравствена едукација, септември  2014 година Здравствена едукација, септември 2014 година Одделението за социјална медицина - Отсек за здравствено воспитание, продолжи и во месец септември со здравствена промоција и едукација на н... повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Се зголемува бројот на абортуси кај помлади од 20 години и кај малолетнички во земјата и покрај едукацијата што се спроведува во основните и... повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Пет девојчиња на возраст од само 14 години се породиле во 2013 година во скопските гинеколошки клиники и болници. Децата што родиле деца жив... повеќе...
Комуникација со медиумите-СОП Комуникација со медиумите-СОП СОВЕТУВАЛИШТЕ ПРОТИВ ПУШЕЊЕ: Тешко ги убедуваме лекарите да се откажат Од Центарот за јавно здравје, каде што се спроведуваат советувањата,... повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Дали повисоката цена на цигарите ќе придонесе за нивно откажување?! Комуникација со медиумите повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите ЛЕКАР СОВЕТУВА ПАЦИЕНТ: ЈАС ПУШАМ, АМА ТИ НЕМОЈ Комуникација со медиумите повеќе...
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ: Индивидуална терапија според профилот на пушач На секој човек кога ќе му ги претставите работите преку личен пример... повеќе...
Здравствена едукација, јуни  2014 година Здравствена едукација, јуни 2014 година Центарот за јавно здравје Скопје согласно кварталниот план за работата на отсекот за здравствено воспитание продолжува со здравствена едукац... повеќе...
Здравствена едукација, мај  2014 година Здравствена едукација, мај 2014 година Во месец мај оваа година се одржани вкупно 204 едукативни предавања со опфат на 3096 лица - деца од предучилишна возраст, ученици во основ... повеќе...
КОНТИНУИРАНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА на персоналот во Отсекот за здравствено воспитание на Одделението за социјална медицина КОНТИНУИРАНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА на персоналот во Отсекот за здравствено воспитание на Одделението за социјална медицина Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика при Медицинскиот факултет во ... повеќе...
Благодарница, мај 2014 година Благодарница, мај 2014 година .  Одделението за социјална медицина со оваа Благодарница која во месец мај 2014 година му е врачена на здравствениот едукатор ... повеќе...
Здравствена едукација, април 2014 година Здравствена едукација, април 2014 година Во месец април, Центарот за јавно Здравје-Скопје, преку Отсекот за здравствено воспитание, продолжи со здравствена едукација за чување и уна... повеќе...
Здравствена едукација, март 2014 година Здравствена едукација, март 2014 година Во месец март, активностите на Отсекот за здравствено воспитание беа насочени кон одржување на едукативни предавања на предучилишни деца и н... повеќе...
Здравствена едукација, февруари 2014 година Здравствена едукација, февруари 2014 година Во месец февруари, отсекот за здравствено воспитание продолжи со здравствена едукација за чување и унапредување на здрвјето на децата.  ... повеќе...
Здравствена едукација, јануари 2014 година Здравствена едукација, јануари 2014 година Со почетокот на второто полугодие од учебната 2013/2014 година продолжи здравствената едукацијa за чување и унапредување на здравјето на дец... повеќе...

Здравствен календар

Превентивни програми

pdf

Закони во областа на здравството

pdf

Конвенции и Повелби

pdf