PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 816 |
Посети (овој месец): | 29963 |
Посети (оваа година): | 107914 |
Посети (вкупно): | 1101456 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Патот до целта на Стратегијата 25x25
Во септември 2011-та, на состанокот за незаразните или хронични болести во Обединетите нации, лидерите од земјите членки, 193 во светот, се обврзуваат да се соочат со појавата на оваа глобална епидемија. Потребата за тоа е итна заради начинот на кој ризик факторите на незаразните болести се зголемуваат во повеќето земји со низок и среден приход.
Позната како Стратегија 25x25, оваа цел денес е инкорпорирана во Глобалниот акционен план за незаразните болести на СЗО од 2013-2020-та. Овој План вклучува девет доброволни национални цели. Две од нив ги вклучуваат сите: да се намали смртноста од незаразните заболувања и да се запре порастот на дијабетот и дебелината.
Во мај 2012 година, на Советот на СЗО е усвоена глобална цел за релативна редукција од 25% на севкупната смртност од кардиоваскуларни болести, рак, дијабет и хронични респираторни болести до 2025 година.
Ако земјите ги постигнат планираните цели, ќе се постигне намалување од 22% на прераната смртност (дефинирана како можност да се умре на возраст помеѓу 30 и 70 години) од четирите главни незаразни заболувања: кардиоваскуларните болести, хроничните респираторни болести, ракот и дијабетот кај мажите и намалување од 19% кај жените. Близу 80% од смртноста од незаразни болести – 29 милиони – се случува во земјите со низок и среден приход.
Макро-економската цена на хроничните болести се манифестира со влијанието врз националните економии. Имено, 10% пораст на стапката на смртност од незаразни болести го намалува годишниот економски раст за 0.5%.
Related Links:
Анализа на болничкиот морбидитет и морталитет во Скопскиот регион за периодот 2007-2013
|