PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1319 |
Посети (овој месец): | 28715 |
Посети (оваа година): | 469094 |
Посети (вкупно): | 1462636 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Контрацепцијата во тинејџерската возраст
Тинејџерската бременост носи значајни трошоци во општеството.
Во САД, секоја година, забременуваат повеќе од 700 000 тинејџерки.
Се поставува прашањето: Дали би опаднала стапката на бременост кога би можеле да се елиминираат некои од пречките за тинејџерките за пристап до контрацепција?
Сумираните наоди од едно проспективно кохортно истражување во кое на тинејџерките им е обезбедена бесплатна контрацепција и едукација во врска со реверзибилните методи за контрацепција, покажуваат дека тинејџерките вклучени во истражувањето имаат ниска стапка на бременост, раѓање и абортус, споредено со националната стапка кај сексуално активните тинејџерки.
Имено, St. Louis проектот за контрацепција, CHOICE, како кохортно проспективно истражување, има цел да ги оцени ефектите од обезбедување на советувања за поттикнување на интраутерина и поткожна контрацепција на денот на посетата и бесплатен пристап до контрацепција по избор на учесничките. Од 1404-те тинејџерkи na возраст od 15-19 години, 37% одбрале интраутерино средство, a 36% одбрале импланти.
Во периодот од 2008 до 2013 година, стапкаta на бременост и раѓање кај овие адолесцентки - учеснички во CHOICE програмата, е една петтина од националната стапка за сексуално активните тинејџерки, a стапката на абортус е помала од четвртина од националната стапка. Расните нееднаквости во тинејџерската бременост се практично елиминирани со можностите кои ги нуди проектот.
Оваа студија дава јасни насоки за тоа како да им се помогне на тинејџерките за да одбегнат несакана бременост. Претходно, истите истражувачи имааат соопштено дека интраутерините средства и имплантите се барем 20 пати поефикасни од оралната контрацепција за тинејџерките, слично како и кај повозрасните жени.
„Aктot за достапна заштита“ веќе го подобрил pristapот do бесплатна контрацепција за многу жени. Неколку клинiки во САД денес нудат поставување на интраутерини средства и импланти истиот ден, т.е. на денот на посетата.
Отстранувањето на оваа пречка, во облик на овозможување на ефикасна достапност до контрацепција, е одлучувачко за намалување на стапката на несакана бременост и провоциран абортус кај тинејџерките, како и кај возрасните жени.
|