PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1164 |
Посети (овој месец): | 25824 |
Посети (оваа година): | 103775 |
Посети (вкупно): | 1097317 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ПРЕДАВАЊА, ТРИБИНИ И СОВЕТИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ ВО ВРСКА СО СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ВО ТЕКОТ НА 2014 ГОДИНА
ЦЈЗ Скопје со стручни кадри од Одделението за Социјална медицина, активностите во врска со сексуалното и репродуктивното здравје на младите, ги спроведува преку Отсекот за промоција и унапредување на здравјето.
Во текот на 2014 година активностите во средните училишта во Скопје, поврзани со сексуалното здравје, се тековно спроведени со опфат од 35,2% од учениците запишани во средните училишта. За таа цел беа вкупно одржани 491 предавање на 9697 ученици од средните училишта на следните теми:
- Социјално-медицински аспекти на СИДА-та
- Сексуално преносливи инфекции
- Адолесцентна безбедна бременост
- Контрацепција.
Исторемено се одржани 5 трибини на следните теми:
- Сексуално преносливи инфекции
- Контрацепција и адолесцентна безбедна бременост
- Социјално-медицински аспекти на СИДА-та
Предавањата се одржани во средните училишта, во следните општини :
- о. Аеродром (СУГС Димитар Влахов, СУГС Марија Кири Склодовска)
- о. Чаир (СУГС Цветан Димов)
- о. Бутел (СЕПУГС Арсени Јовков, СУГС Зеф Љуш Марку)
- о. Карпош (СУГС Ѓорѓи Димитров)
- о. Центар (СИУ Иса Беу Медреса)
- о. Сарај (СИУ Иса Беу Медреса)
На Одделението за социјална медицина во ЦЈЗ-Скопје функционира и Советувалиште за сексуално и репродуктивно здравје. Во 2014 година е спроведена и индивидуална едукација на 227 ученици на погоре споменатите теми, укажани се совети, издаден е расположив промотивен материјал-брошури и флаери и 895 кондоми.
15.12.2014, Изготвил: Прим. д-р сци. спец. Персида Малинска
|