PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 229 |
Посети (овој месец): | 26405 |
Посети (оваа година): | 104356 |
Посети (вкупно): | 1097898 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ЗДРАВЈЕТО НА ЖЕНИТЕ ВО ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА
Во Европа, во целост, има незначително повеќе мажи од жени, со пропорција на жените која расте кај постарите возрасни категории. Во 2005 година има приближно 15% повеќе жени од мажи меѓу оние на возраст од 65-69 години и речиси двапати повеќе жени од мажи на возраст над 80 години, што води до вкупно 43% повеќе жени од мажи на возраст над 65 години (EUROSTAT 2008a, 2008b).
Во сите европски земји, очекуваното траење на живот е подолго за жените одошто за мажите, со најголема разлика меѓу родовите во Литванија (11,7 години) и најмала разлика во Исланд (3,4 години) (според податоците од 2006 година). Предвидувањата на Eurostatнајавуваат дека во 2050 година очекуваното траење на живот за жените би се зголемило од 82 до 89,1 години (EUROSTAT 2008a).
Просечно, европските жени постигнуваат повисок степен на образование од мажите. Меѓутоа, жените е поверојатно да примат пониски плати или да потрошат повеќе од своето време на извршување неплатени задачи.
Во Европската заедница ракот на дојката е најчестиот облик на рак и доминантната причина за смрт предизвикана од рак кај жените на возраст до 74 години. Смртноста од рак на белите дробови е значително пониска и е, исто така, пониска кај жените отколку кај мажите, но е во постојан пораст (Bosetti et al 2008, Boyle Lewin 2008).
Ширум земјите на Европската заедница, мажите се попогодени од ХИВ отколку жените, со однос на заразеност од 2:1. Кај жените најистакнат начин на трансмисија се хетеросексуалните контакти и инјектирање дрога. Во поглед на другите сексуално преносливи инфекции, одреден број европски земји покажуваат пораст на новозаразени со кламидија.
Вкупната стапка на фертилитет меѓу земјите на Европската заедница е многу ниска со опаѓање на вредноста од 2,6 во раните шеесети до 1,4 во 1995-2005 година. Жените раѓаат сé помалку деца и раѓаат на сé повисока возраст. Абортусот кај адолесцентките и младите жени под 20 години останува висок, со пораст во периодот 1995-2005 година (EUROSTAT 2008a).
Дијабетот е растечки проблем. Проценето е дека помеѓу 2007-2025 година Германија, Италија и Франција ќе имаат најголем пораст на дијабет кај жените на возраст помеѓу 20 и 79 години.
Преваленцата на деменција и Alzheimer-ова болест (АБ) е повисока меѓу постарите жени отколку меѓу постарите мажи. Сигнификантни разлики се откриени во инциденцата на АБ после 85 годишна возраст.
Депресијата е почеста меѓу жените отколку меѓу мажите (European Commission 2008b). Истражувањата откриваат дека преваленцата на обидите за самоубиство се двапати почести кај жените отколку кај мажите.
Преваленцата на пушење е пониска кај жените отколку кај мажите, при што разликата постојано се намалува поради намалувањето на бројот на мажи кои пушат и поради зголемувањето на бројот на жени кои пушат во некои земји. Освен тоа, бројот на смртни случаи поврзани со пушењето меѓу жените сé уште се зголемува во некои Источно-европски земји. Младите девојки е поверојатно да пушат отколку младите момчиња, особено во Северно-европските и Западно-европските земји. (WHO 2009b)
Користењето дрога ширум Европската заедница е почесто кај мажите, но користењето на транкилизери и седативи е почесто кај девојчињата на училишна возраст отколку кај момчињата во повеќето држави членки на Европската заедница.
Преваленцата на прекумерната телесна тежина и дебелината брзо расте во многу Европски земји кај двата пола. Највисоки проценти на дебели жени се најдени во Австрија, Велика Британија и Германија.
Податоците за специфични пореметувања во исхраната се ретки, како што е bulimia nervosa. Сепак, општо прифатена стапка на преваленца за bulimia nervosa е околу 1% меѓу младите жени.
Подготвил: прим. д-р сци. Весна Спирова
Преземено од: Directorate-General for Health & Consumers, European Commission
Related link
|