PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1392 |
Посети (овој месец): | 28788 |
Посети (оваа година): | 469167 |
Посети (вкупно): | 1462709 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Населението во светот живее шест години подолго отколку во 1990-та
Глобалното очекувано траење на живот е зголемено за повеќе од шест години од 1990-та година благодарение на опаѓањето на стапката на смртност од рак и болестите на срцето во богатите земји и подоброто преживување во сиромашните земји од дијареја, туберкулоза и маларија.
Меѓутоа, во анализа од 2013 Global Burden of Disease (GBD) студијата, здравствените истражувачи велат дека додека очекуваното траење на живот расте скоро секаде во светот, значаен исклучок е супсахарска Африка, каде смртноста од ХИВ/СИДА избришала близу пет години од очекуваното траење на живот од 1990-та година.
Напредокот кој го гледаме кај различни заболувања и повреди е добар – дури и забележителен – но ние можеме и мораме да направиме и повеќе, - вели Christopher Murray, професор за јавно здравје на Универзитетот во Вашингтон, во САД, кој го водел истражувањето објавено во The Lancet, во декември 2014-та.
Murray вели дека големиот пораст на заедничките активности и финансирањето посветени на потенцијално смртоносните инфективни заболувања, како што е дијарејата, сипаниците, туберкулозата, ХИВ и маларијата имаат суштествено влијание, снижувајќи ја стапката на смртност и продолжувајќи го очекуваното траење на живот.
Но, тој вели дека некои важни хронични заболувања се запоставени, а се зголемува нивната важност како закана за животот, особено кога се работи за растројствата поради употреба на дрога, цирозата на црниот дроб, дијабетот и заболувањата на бубрезите.
Наспроти драматичното опаѓање на детската смртност во последните 23 години, маларијата, дијарејата и респираторните инфекции како пневмонијата, сеуште се првите пет причини за смрт кај децата до пет години во светот, усмртувајќи речиси два милиони деца секоја година.
Друг пример за мешан успех е тоа што, додека во светот смртноста од ХИВ/СИДА опаѓа секоја година од нејзиниот пик во 2005-та, ХИВ/СИДА-та е сеуште најголемата причина за предвремена смрт во 20 од 48 земји во супсахарска Африка.
Подготвил: прим. д-р сци. Весна Спирова
Извор: Lancet, 2014
Related link
Извештај за здравствената состојба и здравствената заштита на населението за 2013 година
|