PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1375 |
Посети (овој месец): | 28771 |
Посети (оваа година): | 469150 |
Посети (вкупно): | 1462692 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Смртноста од рак продолжува да опаѓа во САД |
Смртноста од рак продолжува да опаѓа во САД. Американското здружение за рак, American Cancer Society (ACS), проценува дека опаѓањето од 22% на смртноста од рак забележана во текот на последните 2 декади резултира со избегнување на повеќе од 1,5 милиони смртни случаи од рак во овој период.
Меѓутоа, оптовареноста со ракот останува значајна: ACS проценува дека 589 430 Американци ќе умрат од рак во 2015 година, соодветно на 1 600 смртни случаи дневно.
Броевите доаѓаат од Годишниот извештај за статистика на ракот на Американското здружение за рак, ACS’ annual report on cancer statistics, планиран да се објави на почетокот на 2015 година. Засега, ACS истакнува некои подробности од извештајот преку соопштенија.
Во најголем дел од дваесетиот век , севкупната стапка на смртност од рак расте и достига пик во 1991 година. Ова е во голема мера предодредено со брзиот раст на смртноста од рак на белите дробови кај мажите како последица од епидемијата на пушење, објаснува ACS.
Смртноста од рак опаѓа во САД од пикот во 1991 година. Постојаното опаѓање е резултат на намалениот број на Американци кои пушат, како и на напредокот во превенцијата на ракот, раното откривање и лечењето, коментира здружението.
Стапката на смртност од рак на белите дробови е намалена за 36% помеѓу 1990 и 2011 година кај мажите и за 11% помеѓу 2002 и 2011 година кај жените, како резултат на намаленото користење на тутун, укажува ACS.
Сепак, ракот на белите дробови продолжува да биде најчестата причина за смрт од рак, одговорен за повеќе од една четвртина (27%) од вкупната смртност од рак. Следната најчеста причина за смрт од рак е ракот на простата кај мажите и ракот на дојка кај жените, и трета најчеста причина за смрт од рак е ракот на колонот и ректумот кај двата пола.
Иако смртноста од рак за нацијата вкупно опаѓа, постои големо географско отстапување помеѓу различните држави во САД. Државите на Југот, воопшто, покажуваат најмало опаѓање (пад од околу 15% од 1991 до 2011 година), а оние на Североистокот покажуваат најголемо намалување (пад од 25% до 30% во Мериленд, Њу Џерси, Масачусетс, Њу Јорк и Далавер).
„Постојаното опаѓање на смртноста од рак кое го бележиме е причина за почит, но не и причина за да застанеме,“ вели John R. Seffrin, PhD, извршен директор на ACS. „Ракот е одговорен за близу еден од четири случаи на смртен исход во САД во 2011 година, што го чини втора водечка причина за смрт, воопшто. Ракот е речиси водечка причина за смрт меѓу возрасните лица на старост од 40 до 79 години и се очекува да ги престигне болестите на срцето како водечка причина за смрт меѓу сите Американци во следните неколку години. Промената е неизбежна, но сеуште можеме да го намалиме смртниот импакт на ракот на начин што ќе им обезбедиме достапност на што повеќе Американци до најдобрите средства за превенција, откривање и лечење на ракот.“
Водечки локализации на Нови случаи на рак и Смртност – 2015, Процена:
Подготвил: прим. д-р сци. Весна Спирова
Преземено од: American Cancer Society, 2015.
Related Link:
Превенција на ризик фактори од малигни заболувања
|