PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 866 |
Посети (овој месец): | 25526 |
Посети (оваа година): | 103477 |
Посети (вкупно): | 1097019 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Колку е безбедна вашата храна? Од нива до чинија, направете ја храната безбедна |
Што има во вашиот оброк? Од каде доаѓаат состојките? Дали се тие добри и дали безбедно се постапувало во секое време започнувајќи од нивата па се до чинијата?
На овој Светски Ден на Здравјето, СЗО се залага за дејствување на начин што ги повикува производителите, креаторите на политики и јавноста да ја промовираат безбедноста на храната.
Поголем дел од луѓето во текот на животот ќе искусат болести кои се пренесуваат преку храна и вода. Ова ја истакнува важноста да бидеме сигурни дека храната што ја јадеме не е контаминирана со потенцијално штетни бактерии, паразити, вируси, токсини и хемикалии.
“Безбедност на храната: од нива до чинија, направете ја храната безбедна” е темата на Светскиот Ден на Здравјето во 2015-та. Овој ден се фокусира на важноста на безбедноста на храната долж целиот синџир на исхрана во глобализираниот свет, од производство и транспорт, до подготовка и потрошувачка.
Во текот на втората половина на минатиот век, процесот преку кој храната доаѓа од нива до чинија, драстично е променет. Загадувањето на храната што се случува на едно место може да влијае врз здравјето на потрошувачите коишто живеат на друга страна на планетата. Ова значи дека секој во синџирот на производство, од производителот до порошувачот, мора да ја следи праксата за безбедно постапување со храната.
10 факти за безбедност на храната
- Повеќе од 200 болести се шират преку храната
- Контаминираната храна може да предизвика долгорочни здравстени проблеми
- Болестите кои се пренесуваат преку храната влијаат повеќе врз ранливите групи на луѓе во однос на другите групи
- Постојат многу можности за контаминирање на храната
- Глобализацијата ја прави безбедноста на храната посложена и позначајна
- Безбедноста на храната е мултисекторска и мултидисциплинарна
- Контаминацијата на храната, исто така, влијае врз економијата и општеството во целост
- Некои штетни бактерии стануваат отпорни на третман со лекови
- Секој има своја улога во зачувувањето на безбедноста на храната
- Потрошувачите мораат да бидат добро информирани за начинот на чување на безбедноста на храната.
Извор: СЗО, 2015
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. социјален работник
|