PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1275 |
Посети (овој месец): | 28671 |
Посети (оваа година): | 469050 |
Посети (вкупно): | 1462592 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Деменција: да ги промениме добрите намери во мерлив напредок
Како да остареме мирно и достоинствено?
Во светот 47 милиони луѓе се соочуваат со исцрпувачки последици од деменција.
„Изгледам младa, новсушност сум прилично стара”, изјави Генералниот-директор на СЗО, Маргарет Чен, на првата Министерска конференција за глобална акција против деменцијата под покровителство на СЗО, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Министерството за здравство на Велика Британија во Женева, на 16 и 17 Март 2015та.
Во светот 47 милиони луѓе се соочуваат со исцрпувачкиот ефект на деменцијата, нарушување кое се очекува да ја удвои преваленцата во наредните две децении, со здравствен трошок во светски рамки проценет на повеќе од 600 милијарди американски долари.
Овие шокантни статистички податоци, и покрај тоа што не се нови, служат како поразителен потсетник за тоа дека итната и усогласена акција за креирање и имплементирање на национални и глобални планови за деменција претставува еден од најпревидените и најнеодложни здравствени приоритети на нашето време.
На состанокот на СЗО имаше предлози, но не и формални договори за споделување на податоците од истражувањата за деменцијата на глобално ниво.
Државниот секретар за здравство на владата на Велика Британија најави 100 милиони долари за Фонд за откривање на деменција, со цел повторно да се зголеми смалениот интерес на индустријата за истражувања поврзани со третманот за модификација на болеста до 2025та година;
Беше споделено искуство од различнипристапи за нега на лицата со деменција; Истакнати се иновации, вклучувајќи ги селата за деменција во Холандија и широките пријателски програми за деменција во Јапонија;
Беше предложено деменцијата да се интегрира во пошироките програми на незаразни болести и да се создаде нов глобален фонд за деменција;
Во контекст на повикот од одржаниот состанок за дејствување, СЗО најави цврста намера за опсервација заради следење на напредокот на идните истражувања, развојот на лековите и споделување на облиците за заштита на лицата со деменција во различни економски средини.
Следен клучен чекор за СЗО ќе биде да објасни како планира да ја определи положбата на деменцијата како приоритет на Светското здравствено собрание, ако не оваа, тогаш во 2016та година.
Извор: TheLancet, 28 Март2015
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. социјален работник.
|