PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1282 |
Посети (овој месец): | 28678 |
Посети (оваа година): | 469057 |
Посети (вкупно): | 1462599 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
светски ден на алцхајмеровата болест
На светскиот ден на Алцхајмеровата болест организациите посветени на ова заболување ширум светот се фокусираат на подигање на свеста за Алцхајмеровата болест и деменцијата. Алцхајмеровата болест е најчестата форма на деменција, синдром од нарушувања кои ги намалуваат менталните функции.
Секои 68 секунди се јавува Алцхајмерова болест кај некое лице. Експертите во Америка веруваат дека според сегашните стапки бројот на Американци кои ќе живеат со Алцхајмерова болест ќе се зголеми четирикратно до 16 милиони лица во 2050-та година.
5,4 милиони Американци живеат со Алцхајмерова болест денес. Алцхајмеровата болест е шеста водечка причина за смрт во САД и е единствената причина за смрт од првите десет во САД која не може да се превенира, лекува па дури ниту да се успори.
Alzheimer’sDiseaseInternational (ADI), федерација на здруженијата за Алцхајмерова болест во светот, го издаде својот годишен извештај, 2015 WorldAlzheimerReport. Тој оваа година се фокусира на глобалниот ефект на деменцијата и носи проценки за преваленцата, инциденцата и за општествените и економските последици од деменцијата до 2050-та година.
Извештајот предвидува дека близу 47 милиони луѓе живеат со деменција во светот денес, со околу 10 милиони нови случаи дијагностицирани годишно. До 2050-та година бројот на лица кои ќе живеат со деменција е проектиран да се утрои на повеќе од 130 милиони. Најчувствителни на предвидениот пораст на преваленцата се оние во земјите со низок и среден-доход. Иако Извештајот на ADI проценува дека во 2050-та година ќе има пораст од 116% во преваленцата на деменцијата во земјите со висок-доход во споредба со оној во 2015-та година, проекциите за земјите со повисок-среден доход се 227%, за земјите со понизок-среден доход 223% и за земјите со низок доход 264%.
|