PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 0 |
Посети (овој месец): | 20544 |
Посети (оваа година): | 323311 |
Посети (вкупно): | 1316853 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
„Менталното здравје е еден од најголемите јавноздравствени приоритети во Европската Унија (ЕУ). Според податоците од последната студија за Глобалната оптовареност со болести, менталните растројства претставуваат 22%, речиси една четвртина од оптовареноста со болести во ЕУ. Тие ги спречуваат луѓето да уживаат во здравјето и во квалитетот на живеењето и да го реализираат својот целосен потенцијал во работата, образованието и социјалниот живот. Тие наметнуваат сé поголем товар врз системите за здравствена и социјална заштита и врз економијата.“
JohnF. Ryan, в.д. директор за Јавно здравје,
Европска Комисија, Јануари 2016 година
Младите луѓе на возраст помеѓу 15 и 25 години, како што растат искусуваат различни периоди на промена, како што се премин од детство во адолесценција, од образование кон работа, како и менување на социјалните односи со семејството и врсниците.
Овие промени одразуваат стадиуми со висок степен на ранливост за младите луѓе кои не секогаш се во можност сами да се справат со притисоците и предизвиците. Ако овие периоди на промена се подолги и посложени, младите луѓе се со поголема веројатност да се соочат со тешкотии во нивните студии, на патот до работното место, во нивните односи со семејството и пријателите како и при приликите да се впуштат во ризично однесување.
Како резултат на тоа, постојан процент на млади луѓе се склони да страдаат од ментални или растројства во однесувањето, што може да влијае на нивниот капацитет да водат исполнет живот, вклучувајќи ја и способноста да ги откријат своите сопствени способности, да направат социјален, образовен и професионален избор и да се справат со обичните стресови во животот. Менталните или растројствата во однесувањето можат да вкучат анксиозност, депресија и нарушено однесување и често се поврзани со она што се случува во животот на младите.
Повеќе од половина од менталните растројства кај младите излегуваат на површина пред дваесет и петтата година од животот, па затоа е од суштинско значење да се обезбеди соодветна поддршка и грижа во доволно рана фаза. Иако бројот и квалитетот на понудените услуги за поддршка е значително зголемен и подобрен, вкупниот број на млади луѓе кои се одлучуваат да побараат помош преку овие канали се бранат да ја остварат постоечката понуда, главно поради страв од срам и стигматизација.
Ова не само што предизвикува загриженост за достапноста и соодветноста на услугите кои се обезбедуваат, туку и за тоа да се пронајдат нови пристапи за да се стигне до младите луѓе со ментални здравствени проблеми. Новите методи треба да се базираат на силна меѓусекторска соработка меѓу семејствата, училиштата, работодавачите и здравствените работници, кои можат ефикасно да стигнат до младите луѓе во нивната секојдневна средина додека се активно вклучени.
Неуспехот во третирањето и превенцијата на менталните здравствени растројства кај младите луѓе се потврдува дека има значајни последици за нивната иднина, што резултира со намалени очекувања од животот и работата, истовремено со негативен социјален и економски исход за целото општество. Оттаму, превентивните мерки и мерките за рана интервенција се суштински за намалување на здравствените трошоци и невработеноста, како и за подобрување на образовните резултати. Покрај тоа, исто така е битно да се подигне свеста за негативните ефекти од насилното однесување, агресијата и праксата на исклучување, особено со помош на интернетот и социјалните медиуми.
Април, 2016
Извор:www.publicpolicyexchange.co.uk
Подготвил: БранкаКрстев, дипл. социјаленработник
|