PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 525 |
Посети (овој месец): | 24872 |
Посети (оваа година): | 24872 |
Посети (вкупно): | 1501901 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден против злоупотреба на детски труд 2022
Светски ден за борба против злоупотреба на детскиот труд се одбележува на 12 јуни, со цел да се спречи штетното влијание на работата врз развојот на децата ширум светот. Секоја здравствена криза предизвикува предвремено влегување во светот на работата за милиони деца од ранливите групи на глобално ниво.
Според Меѓународната организација на трудот, 218 милиони деца на возраст од 5 до 17 години во моментов се економски активни во светот.
Речиси 70% (152 милиони) од тој број учествуваат во тоа што се нарекува детски труд и тоа 64 милиони девојчиња и 88 милиони момчиња, додека останатите учествуваат во прифатливи облици на работа. Од друга страна, речиси половина од тие деца (73 милиони) работат работи кои се сметаат за опасни по здравјето, безбедноста и развојот на децата. Истите податоци покажуваат дека 71% од децата кои работат се ангажирани во земјоделскиот сектор.
Од 2000 година, на глобално ниво, бројот на деца вклучени во економски активности е намален за 94 милиони. Сепак, во последните неколку години, трендот на намалување е забавен за две третини. Според Агендата за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година, државите се обврзани да преземат итни и ефективни мерки за ставање крај на: принудната работа, современите форми на ропство и трговијата со луѓе, забраната и елиминирањето на најлошите форми на злоупотреба на детскиот труд, вклучително и регрутирање и користење на деца војници.
Според Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за опасна работа се смета онаа што го нарушува здравјето, безбедноста и моралот на детето, а опасната работа вклучува:
а) работа што ги изложува децата на физичка, психичка или сексуална злоупотреба;
б) работа под земја, под вода, на опасни надморски височини или во затворени простории;
в) работа со опасни машини, опрема и алати или работа која вклучува ракување или транспорт на големи товари;
г) работа во нездрава средина во која децата можат, на пример, да бидат изложени на опасни материи, агенси, процеси или температури, нивоа на бучава или вибрации кои може да го загрозат нивното здравје;
д) работа под особено тешки услови, како што е долготрајна работа или ноќна работа или работа каде што детето е задржано без причина во просториите на работодавачот.
Подготвил: Снежана Мојсовска - дипл.логопед, Одделение за социјална медицина
Извор: https://socijalnoukljucivanje.gov.rs/rs/medjunarodni-dan-borbe-protiv-decijeg-rada/
|