PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 209 |
Посети (овој месец): | 2672 |
Посети (оваа година): | 112695 |
Посети (вкупно): | 1106237 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
СЗО, Иницијатива на Европската лабораторија, European Laboratory Initiative, ELI, за туберкулоза, ТБ, ХИВ и вирусен хепатит Ц: промовира подобра интеграција за тестирање и дијагностицирање на ТБ, ХИВ и хепатит Ц. Канцер Ракот е најзначајната причина за смрт и заболеност во Европа после кардиоваскуларните заболувања. Ракот во многу случаи може да се избегне, а раното откривање значително ја зголемува можноста за излекување. СЗО во Европскиот регион им помага на земјите да развијат национални програми за контрола на ракот. Меѓународната агенција за контрола на ракот (IARC) е тело на СЗО кое е специјализирано во ова поле. Тоа ги координира и ги води истражувањата за причините и развива научни стратегии за превенција и контрола на ракот. ИЗВЕСТУВАЊЕ/LAJMËRIM
Вакцинација против грип се врши во периодот од 07,30 – 14,30 часот од понеделник до петок и во сабота од 07,30 – 13,30 час
Vakcinimi kundër gripit realizohet në periudhën nga ora 07,30 – 14,30 nga dita e hënë deri të premten dhe të shtunën nga ora 07,30 – 14,30
Одделение за епидемиологија/Reparti për epidemiologji
26.12.2019
ВАКЦИНИРАЊЕТО Е ЕДИНСТВЕН И НАЈСИГУРЕН НАЧИН НА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ГРИП Грип е заболување кое го предизвикува вирусот на инфлуенца и ги зафаќа горните дишни патишта: нос и грло, а во потешките форми и долните дишни патишта – бронхиите. Секоја година со вирусот на грип се заразуваат од 5% до 15% од населението. Кај поголем дел од луѓето, грипот проаѓа како релативно лесно заболување, но одредени лица се изложени на поголем ризик за сериозни компликации кои може да доведат до потреба за болничко лекување, а во некои случаи и до смрт. Недела за подигање на свеста за рационално користење на антибиотиците во светот 18-24 ноември 2019 Иднината на значењето на антибиотиците зависи од сите нас. Секој ноември, Неделата за подигање на свеста за рационално користење на антибиотиците, има за цел да ја подигне глобалната свест за резистенцијата на антибиотиците и да поттикне најдобра пракса за нивно користење кај општата популација, здравствените работници и креаторите на политики за да се избегне понатамошно јавување и ширење на отпорност кон антибиотиците. Месец октомври, месец за подигнување на свеста за ракот на дојка
Месецот на подигнување на свеста за рак на дојка, означен во земјите низ светот секој октомври, помага да се зголеми вниманието и поддршката за свеста, раното откривање и лекување, како и за палијативна грижа кај оваа болест. Според меѓународното здружение на регистри за рак, InternationalAssociationofCancerRegistries, (IARCGlobocan, 2008) секоја година има околу 1,38 милиони нови случаи и 458 000 смртни случаи од рак на дојка. Во земјите со низок и средно висок приход, инциденцата постојано расте во последните години како резултат на зголемувањето на животниот век, растечката урбанизација и прифаќањето на западниот стил на живеење. 10-ти октомври Светски ден на менталното здравје
Секои 40 секунди едно лице умира поради самоубиство. На 10-ти септември, СЗО, во соработка со глобалните партнери, Светската федерација за ментално здравје, Меѓународната асоцијација за превенција на самоубиства и Обединети за глобално ментално здравје, ја започнува кампањата „40 секунди акција“. Кулминацијата на кампањата ќе биде на Светскиот ден на менталното здравје, на 10-ти октомври, чиј фокус оваа година е, исто така, превенција на самоубиствата. |
|