PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Pjesëmarrje
Vizitat e sotshme: | 1288 |
Vizitat (këtë muaj): | 28684 |
Vizitat (këtë vit): | 469063 |
Vizitat (totale): | 1462605 |
Reagime
Të nderuar,
Do të na ndihmoni shumë në qëllimin që të jemi më të mirë dhe më efektiv në punën tonë nëse komentet tuaja, sugjerimet dhe ankesat i shkruani në formularët e mëposhtëm (Ankesë dhe Pyetësorë) dhe ato i dërgoni në E-Mail adresën vijuese: info@cph.mk
Светски ден за борба против туберкулозата 2022 година
24 март 2022 година
ФАКТИ
- - 66.000.000- животи спасени од 2000 година со глобалните напори да се стави крај на ТБ.
- - 9.900.000- луѓето се разболеле од ТБ во 2020 година.
- - 1.500.000- луѓе починале од ТБ во 2020 година.
Секоја година, го одбележуваме Светскиот ден на туберкулозата на 24 Март за да ја подигнеме јавната свест за катастрофалните здравствени, социјални и економски последици од ТБ и да ги засилиме напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ. 24 Март го означува денот кога во 1882 година д-р Роберт Кох објавил дека ја открил бактеријата што предизвикува ТБ, што го отвори патот кон дијагностицирање и лекување на оваа болест.
ТБ и понатаму е еден од најсмртоносните инфективни убијци во светот. Секој ден, преку 4100 луѓе ги губат своите животи од туберкулоза, а близу 28.000 луѓе се разболуваат од оваа болест што може да се спречи и излечи. Глобалните напори за борба против ТБ спасиле околу 66 милиони животи од 2000 година. Сепак, пандемијата COVID-19 го промени долгогодишниот напредок постигнат во борбата за ставање крај на ТБ. За прв пат по повеќе од една деценија, смртните случаи од туберкулоза се зголемија во 2020 година.
Темата на Светскиот ден на туберкулозата, 2022 година e „Инвестирајте за да ставите крај на ТБ. “Спасете животи” – ја пренесува итната потреба да се инвестира во ресурси за да се засили борбата против ТБ и да се постигнат обврските за ставање крај на ТБ преземени од глобалните лидери. Ова е особено критично во контекст на пандемијата соCOVID-19 која го стави на ризик напредокот на крајот на туберкулозата и за да се обезбеди еднаков пристап до превенција и грижа во согласност со настојувањето на СЗО кон постигнување универзална здравствена покриеност.
Повеќе инвестиции ќе спасат уште милиони животи, забрзувајќи го крајот на епидемијата на ТБ.
Подготвил: Бранка Крстев, Дипл. соц. работник/ Одделение за социјалнa медицина, Март, 2022 година
|