PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Pjesëmarrje
Vizitat e sotshme: | 1289 |
Vizitat (këtë muaj): | 28685 |
Vizitat (këtë vit): | 469064 |
Vizitat (totale): | 1462606 |
Reagime
Të nderuar,
Do të na ndihmoni shumë në qëllimin që të jemi më të mirë dhe më efektiv në punën tonë nëse komentet tuaja, sugjerimet dhe ankesat i shkruani në formularët e mëposhtëm (Ankesë dhe Pyetësorë) dhe ato i dërgoni në E-Mail adresën vijuese: info@cph.mk
СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ
Придобивките и ризиците од физичката активност и седечкото однесување
Редовната физичка активност, како што се пешачење, возење велосипед, спортување или активна рекреација, дава значителни придобивки за здравјето.Било каква физичка активност е подобра отколку да не правите никаква. Со тоа што станувате поактивни во текот на денот на релативно едноставни начин, можете лесно да ги постигнете препорачаните нивоа на активност.
Редовната физичка активност може:
- подобрување на мускулната и кардиореспираторната кондиција;
- подобрување на коските и функционалното здравје;
- намалување на ризикот од хипертензија, коронарна срцева болест, мозочен удар, дијабетес, разни видови на рак (вклучувајќи рак на дојка и рак на дебелото црево) и депресија;
- намалување на ризикот од падови, како и фрактури на колкот или пршлените; и
- помагаат во одржување на здрава телесна тежина.
Што е физичка активност?
СЗО ја дефинира физичката активност како секое телесно движење произведено од скелетните мускули кое бара трошење енергија. Физичката активност се однесува на целокупното движење, вклучително и движењето во слободното време, за транспорт до и од места или како дел од работата на една личност. Физичката активност со умерен и енергичен интензитет го подобрува здравјето.
Клучни факти
- Физичката активност има значителни здравствени придобивки за срцето, телото и умот;
- Физичката активност придонесува за спречување и управување со незаразни болести како што се кардиоваскуларни болести, рак и дијабетес;
- Физичката активност ги намалува симптомите на депресија и анксиозност;
- Физичката активност го подобрува размислувањето, учењето и вештините за расудување;
- Физичката активност обезбедува здрав раст и развој кај младите;
- Физичката активност ја подобрува целокупната благосостојба;
- На глобално ниво, 1 од 4 возрасни лица не ги исполнуваат глобалните препорачани нивоа на физичка активност;
- До 5 милиони смртни случаи годишно би можеле да се избегнат доколку население би било поактивно;
- Луѓето кои се недоволно активни имаат 20% до 30% зголемен ризик од смрт во споредба со луѓето кои се доволно активни;
- Повеќе од 80% од светската адолесцентна популација е недоволно физички активна.
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. соц. работник/ Одделение за социјалнa медицина Maj, 2022
Извор:https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/physical-activity
|