PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Pjesëmarrje
Vizitat e sotshme: | 335 |
Vizitat (këtë muaj): | 27731 |
Vizitat (këtë vit): | 468110 |
Vizitat (totale): | 1461652 |
Reagime
Të nderuar,
Do të na ndihmoni shumë në qëllimin që të jemi më të mirë dhe më efektiv në punën tonë nëse komentet tuaja, sugjerimet dhe ankesat i shkruani në formularët e mëposhtëm (Ankesë dhe Pyetësorë) dhe ato i dërgoni në E-Mail adresën vijuese: info@cph.mk
3 Декември - Меѓународен ден на лица со посебни потреби
Вклучувањето на лицата со попреченост е суштински услов за почитување на човековите права, одржливиот развој и мирот и безбедноста. Тоа е исто така значајно за ветувањето на Агендата за одржлив развој 2030 година да не остави никој зад себе. Заложбата за остварување на правата на лицата со попреченост не е само прашање на правда; тоа е инвестиција во заедничка иднина.
Денес, светското население е над 8 милијарди луѓе. Според податоците на Светска здравствена организација (СЗО) повеќе од една милијарда луѓе, или приближно 12% од светското население, живеат со некаква форма на попреченост. 80% живеат во земјите во развој, додека 50% од лицата со посебни потреби не можат дa си дозволат здравствена заштита. Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Секоја година од 1992 година, во многу земји се одржуваат различни настани. Денот на лицата со посебни потреби се користи за одржување на дебати, форуми и кампањи кои се однесуваат на попреченоста, а заедниците се охрабруваат да организираат средби, разговори, настапи и трибини во нивната локална средина. Активностите може да бидат најразлични, а во нив да бидат вклучени лицата со посебни потреби. Главната цел на овие настани е да им се покаже на сите луѓе дека лице со некаква попреченост може да биде активен член на општеството, бидејќи често се случува да бидат дискриминирани од страна на поединци и на самото општество. Земјите со пониски приходи имаат повисока преваленција на инвалидност за разлика од земјите со повисоки приходи. Попреченоста е почеста кај жените, постарите лица, децата и возрасните кои се сиромашни. Во нашата држава видот и степенот на пречките во физичкиот или психичкиот развој се уредува со Правилникот за оцена на специфичните потреби (Службен весник на РМ бр.30/2000 год): лица со оштетен слух, телесно инвалидни лица, пречки во глас, говор и јазик, лица со ментална попреченост, аутистични лица, хронично болни, лица со повеке видови пречки. Општо земено причините кај сите видови недостатоци можат да бидат хередитарни (наследни), конгенитални (вродени) и подоцна стекнати. Наследните и вродените причини честопати се категоризираат како внатрешни причини, додека подоцна стекнатите се категоризираат како надворешни причини. Наследните причини се јавуваат скоро кај сите, но најмногу кај интелектуалната попреченост. Вродените причини најмногу можат да настанат за време на бременоста кај жената. Надворешните причини настануваат по раѓањето на детето. Тие може да настанат како последица на разни заболувања или механички повреди. Целта на овој ден е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков хендикеп, поттик на луѓето да бидат посвесни за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со посебни потреби, како и да се подигне свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со посебни потреби во секој аспект од животот, од економски, политички, социјален и културен. СЗО се придружува на ОН во одбележувањето на овој ден секоја година, засилувајќи ја важноста од обезбедувањето на правата на лицата со посебни потреби, за да можат целосно, еднакво и ефективно да учествуваат во општеството со другите и да не се соочуваат со бариери во сите аспекти од нивниот живот. Во своето седиште во Женева, СЗО организира годишен настан за International Day of Person with Disabilities (IDPD) за да ја едуцира јавноста, да ја подигне свеста, да се залага за политичка волја и ресурси и да ги слави достигнувањата на СЗО. Во 2022 година, СЗО го лансираше Глобалниот извештај за здравствена еднаквост за лицата со попреченост. Овој извештај ги прикажува пристапите и активностите што земјите можат да ги преземат за да се решат здравствените нееднаквости што ги доживуваат лицата со попреченост.
Извор: https://www.un.org/en/observances/day-of-persons-with-disabilities
пристапено/ декември 2022
Подготбил: Флорија Хамид, Дип. Соц. Работник/ Одделение за социјална медицина.
|