PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Pjesëmarrje
Vizitat e sotshme: | 846 |
Vizitat (këtë muaj): | 2228 |
Vizitat (këtë vit): | 2228 |
Vizitat (totale): | 1479257 |
Reagime
Të nderuar,
Do të na ndihmoni shumë në qëllimin që të jemi më të mirë dhe më efektiv në punën tonë nëse komentet tuaja, sugjerimet dhe ankesat i shkruani në formularët e mëposhtëm (Ankesë dhe Pyetësorë) dhe ato i dërgoni në E-Mail adresën vijuese: info@cph.mk
Светскиот ден на срцето, 29 Септември е потсетник за сите ширум светот, да се грижат за своите срца. Овогодинешната кампања се фокусира на суштинскиот чекор, прво да ги запознаеме нашите срца.
Кардиоваскуларните болести (КВБ) се убиец број еден во светот. Во комбинација, состојбите кои влијаат на срцето или крвните садови, како што се срцев удар, мозочен удар и срцева слабост, убиваат повеќе од 20,5 милиони луѓе ширум светот секоја година. Поголемиот дел од овие смртни случаи се случуваат во земјите со низок и среден приход. Целта е да се намали оваа бројка. Она што е важно е дека дури 80 % од предвремените смртни случаи од кардиоваскуларни болести, може да се спречат, а тоа може да се направи со промени во нашиот животен стил – да внимаваме што јадеме и пиеме, колку вежбаме и како управуваме со стресот. Со овие промени, можеме подобро да управуваме со здравјето на срцето. Светскиот ден на срцето се слави на 29 септември секоја година. Целта е да се привлече вниманието на луѓето кон срцевите заболувања и низата други поврзани со срцето здравствени проблеми. Денот се одбележува за да се промовираат различни превентивни чекори и промени во животниот стил и на тој начин да се избегнат какви било кардиоваскуларни болести. На светско ниво, во просек, повеќе од 17 милиони луѓе годишно умираат од болести поврзани со срцето. Ова е повеќе од луѓето кои умираат од ХИВ, маларија и рак. Светскиот ден на срцето беше за прв пат одбележан во 2000 година, од страна на Светската федерација за срце, како годишен настан кој беше планиран да се одржува секоја последна недела од септември. Сепак, овој ден се одбележува секој 29 септември.
Подготвил: Вјолца Бериша, дипл. проф. по одделенска настава, Одделение за социјална медицина
Извор: https://world-heart-federation.org/world-heart-day, пристапено на 28.09.2023
|