PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Pjesëmarrje
Vizitat e sotshme: | 883 |
Vizitat (këtë muaj): | 2265 |
Vizitat (këtë vit): | 2265 |
Vizitat (totale): | 1479294 |
Reagime
Të nderuar,
Do të na ndihmoni shumë në qëllimin që të jemi më të mirë dhe më efektiv në punën tonë nëse komentet tuaja, sugjerimet dhe ankesat i shkruani në formularët e mëposhtëm (Ankesë dhe Pyetësorë) dhe ato i dërgoni në E-Mail adresën vijuese: info@cph.mk
Светскиот ден на остеопорозата
ШТО Е ОСТЕОПОРОЗА?
Остеопорозата е болест на коските поради која тие стануваат слаби и кревки. Кај оваа болест, коските стануваат толку слаби што лесно се кршат дури и при мал пад, удар, кивање или ненадејно движење.
Исто така, фрактурите предизвикани од остеопороза може да бидат опасни по живот и главна причина за болка и долготрајна инвалидност.
20 Октомври секоја година се слави како Светски ден на остеопорозата од луѓето ширум светот. Денот има за цел да ја подигне свеста за превенција, дијагноза и третман на остеопороза или друга метаболна болест на коските.
ИСТОРИЈА НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ОСТЕОПОРОЗАТА
Светскиот ден на остеопорозата започна во Обединетото Кралство. Со поддршка од Европската комисија, Светскиот ден на остеопорозата стана проект на Националното здружение за остеопороза во Обединетото Кралство на 20 октомври 1996 година.Интересно е да се забележи дека пред 1994 година, остеопорозата не се ни сметаше за главна болест. Но, во 1998 година, две истакнати организации(Фондација за остеопороза (EFFO) иМеѓународната федерација на здруженија за скелетни болести (IFSSD) ),заеднички се обврзаа да ја едуцираат јавноста за остеопорозата, со цел за да ја создадат Меѓународната фондација за остеопороза(IOF).
ЗОШТО СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ОСТЕОПОРОЗАТА Е ВАЖЕН
Разбирањето на вашиот ризик е клучно. Користењето на Светскиот ден на остеопорозата за да разговарате за вашите фактори на ризик е една од многуте причини за тој ден. Луѓето денес живеат подолго од кога било досега поради медицинските иновации. Затоа сакате да имате најдобар можен квалитет на живот како што стареете. Едуцирањето за вашите фактори на ризик е голем чекор во превенцијата на остеопорозата.
ЗНАЧЕЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ОСТЕОПОРОЗАТА 2023 ГОДИНА
Милиони луѓе во светот страдаат од скршеници поради остеопороза. Таа не напаѓа само еден поединец, туку резултира со огромни социо-економски трошоци за општеството и системите за здравствена заштита. И покрај сите напори и напредни медицински установи за намалување на фрактурите, само мал дел од луѓето (не повеќе од 20% од сите пациенти со остеопороза) добиваат соодветен третман за истата.
5 ЧЕКОРИ ДО ЗДРАВИ КОСКИ И ИДНИНА БЕЗ ФРАКТУРИ
Еве пет едноставни чекори за да ги одржите вашите коски здрави и да имате иднина без фрактури:
- Редовно вежбање за да ги одржувате вашите коски и мускули во движење;
- Внес на богати хранливи материи кои ги одржуваат коските здрави;
- Избегнувајте негативни животни навики - пиење, пушење итн;
- Погрижете се да немате фактори на ризик;
- Доколку е потребно, тестирајте се и лекувајте се.
Подготви: Бранка Крстев, дипл. соц. работник/ Одделение за социјалнa медицина, Октомври, 2023 година
Извор: https://nationaltoday.com/world-osteoporosis-day/
https://www.edudwar.com/world-osteoporosis-day/
|