PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Pjesëmarrje
Vizitat e sotshme: | 0 |
Vizitat (këtë muaj): | 37747 |
Vizitat (këtë vit): | 37747 |
Vizitat (totale): | 1514776 |
Reagime
Të nderuar,
Do të na ndihmoni shumë në qëllimin që të jemi më të mirë dhe më efektiv në punën tonë nëse komentet tuaja, sugjerimet dhe ankesat i shkruani në formularët e mëposhtëm (Ankesë dhe Pyetësorë) dhe ato i dërgoni në E-Mail adresën vijuese: info@cph.mk
Меѓународниот ден на младите ( МДМ ) се празнува секоја година на 12 август.
Според дефиницијата на Обединети нации во групата „млади “ припаѓаат лица на возраст помеѓу 15 и 24 години.
Историја на Меѓународниот ден на младите:
Обединетите нации (ОН ) и младите
- Во 1965 година, Генералното собрание на ОН ја одобри Декларацијата за промовирање на идеалите за мир меѓу младите, меѓусебно почитување и разбирање меѓу народите;
- Во 1979 година, Генералното собрание на ОН ја одреди 1985 година како Меѓународна година на младите;
- Концептот за Меѓународен ден на младите потекнува од 1991 година за време на инагурацијата на Светскиот младински форум одржан во Виена, Австрија;
- На 17 декември 1999 година, во својата резолуција,Генералното собрание на ОН ја одобри препораката дадена од Светската конференција на министри одговорни за младите ( Лисабон, 8-12 август 1998 година),
12 август да биде прогласен за Меѓународен ден на младите.
Значење на Меѓународниот ден на младите :
- Овој ден го насочува вниманието кон уникатните предизвици и можности со кои се соочуваат младите на глобално ниво;
- Посебен акцент се става на прашања како што се образованието, вработувањето, менталното здравје, климатските промени и социјалната вклученост кои значително влијаат на младите;
- Со подигање на свеста, денот поттикнува разговори и акција кон позитивни промени;
- Меѓународниот ден на младите служи како платформа за зајакнување на младите луѓе и препознавање на нивниот потенцијал како агенти на промени. Го истакнува нивното лидерство, креативност и иновативност во справувањето со глобалните предизвици и придонесот на општеството;
- Денот ги охрабрува младите да учествуваат во процесите на донесување на одлуки, да се залагаат за нивните права и да превземаат акции за сопствената иднина;
- Денот негува дијалог и соработка меѓу младите луѓе од различни земји и средини;
- Обезбедува платформа за споделување на искуства, идеи и решенија за заеднички предизвици;
- Го поттикнува развојот и спроведувањето на политики и програми кои се однесуваат на потребите и аспирациите на младите.
Меѓународен ден на младите 2024 година
Оваа година темата за Меѓународниот ден на младите 2024 година гласи:
„Од кликови до напредок : Младински дигитални патишта за одржлив развој “
Оваа тема ја нагласува клучната врска помеѓу дигитализацијата и забрзувањето на напредокот на целите за одржлив развој, нагласувајќи го клучниот придонес на младите во овој трансформативен процес.
Дигиталната трансформација е една од клучните транзиции и значајна одредница за постигнување на секојдневните цели.
Технологиите како мобилните уреди, дигиталните платформи и новите иновации како вештачката интелегенција играат клучна улога во унапредувањето.
Податоците генерирани од секоја дигитална интеракција се фундаментални за дигиталната трансформација,овозможувајќи донесување на одлуки засновани на докази, било да се од економско, социјално или од еколошко значење.
Во предизвиците на дигиталниот јаз, младите луѓе се сметаат за „ дигитални староседелци“, кои се во првите редови на прифаќање на иновациите во новите технологии. Тие суштински ја формираат најголемата демографска група во искористувањето на трансформативната моќ на технологиите за справување со глобалните предизвици.
Во дигиталната ера, социјалните медиуми станаа моќна алатка за застапување и подигање на свеста, можност за да се насочи вниманието на прашања кои се многу важни за младите, поттикнувајќи кај нив чувство на глобално единство и разбирање.
На Меѓународниот ден на мадите низ целиот свет се одржуваат разни концерти, работилници, културни настани и состаноци со претставници на национални и локални власти, како и младински организации.
Во пораката на Обединетите нации по повод Меѓународниот ден на младите се вели:
„ Доколку младите имаат достоинствени услови да дејствуваат, да го искажат своето мислење и ставови, да се ангажираат во внесувањето на нови идеи, тогаш нивниот придонес за подобро општество и иднина ќе бидат непроценливи“
Изготвил: Фанче Василевска, дипломирана медицинска сестра,/Одделение за социјална медицина, Август, 2024
Извор:https://www.un.org/en/site-search?query=international+youth+day+2024
https://www.unesco.org/en/days/youth
https://www.thereisadayforthat.com/holidays/united-nations/international-youth-day#google_vignette
|