26 септември е прогласен за Светски ден на контрацепција со цел да се стави фокус нa правата на сите парови и поединци слободно и одговорно да одлучуваат за бројот и растојанието меѓу своите деца. Ова е исто така евидентирано во Агендата за одржлив развој 2030 година под целта 3.7, која наведува „до 2030 година, да се обезбеди универзален пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, вклучително и планирање на семејството, информации и образование и интеграција на репродуктивното здравје во националните стратегии и програми“.  Tемата за Светскиот ден на контрацепција оваа година е: „Избор за сите – дејствување, намера, пристап“.

Подобрениот пристап до ефтина контрацепција и нејзиното користење преку програмите за планирање на семејството ги намалија бременостите со висок ризик; смртноста кај мајките и децата; тинејџерските и непланираните бремености; и го подобрија здравјето на децата. Вежбите за моделирање покажаа дека употребата на контрацептивни средства може да ја намали смртноста кај мајките за над 40%. Од клучно значење е сите засегнати страни да работат заедно за да ги одржат овие тешко освоени придобивки и понатаму да поттикнат нови. Имено, покрај целите за планирање на семејството, потребни се подобри и повеќе опции за да се одржи напредокот во борбата против ХИВ и СИДА, како и други сексуално преносливи инфекции.

Влијанието на семејното планирање врз здравјето треба да има мултисекторски, па дури и меѓугенерациски пристап. Докажано е дека подобреното здравје и исхрана на децата имаат потенцијал позитивно да влијаат врз однесувањето и здравствениот статус на целото население. Од друга старана пак образованието е клучен фактор за користењето на услугите за семејното планирање.

Во кризните зони, каде што сериозно ограничената здравствена заштита може да доведе до смртоносни последици за жените кои минуваат низ бременост и породување, контрацептивите спасуваат животи. За целото општество, спречувањето на несакани бремености води до низа придобивки, вклучително и проширување на образованието и други можности за жените во текот на нивниот живот.

Секој заслужува точни, непристрасни информации за и пристап до контрацепција, прилагодени на индивидуалните потреби и околности. Секоја жена има право на репродуктивна агенција – слободно да избере дали, кога и со кого да има дете, без принуда, страв или осудување. Сепак, несаканите бремености и неостварените цели за плодност се вообичаени насекаде во светот, негативно влијаејќи врз физичката и менталната благосостојба на милиони.

Во 2024 година, контрацептивните средства поддржани од УНФПА спречија 18 милиони несакани бремености, 7,5 милиони небезбедни абортуси и 39.000 смртни случаи кај мајките. Сепак, глобалното финансирање за сексуално и репродуктивно здравје се намалува, директно поткопувајќи ги правата на жените, еднаквоста и дејствувањето.

Изработил: Вјолца Бериша, дипл.проф. по одделенска настава, Одделение за социјална медицина.

Извор: https://www.unfpa.org/events/world-contraception-day

https://www.who.int/health-topics/contraception#tab=tab_2

1 thought on “Светски ден на контрацепција”

  1. Супер! Светскиот ден на контрацепција е како датум за правење планови… за безбедни планови! Сериозно, да, информации и пристап се клучни, но да не заборавиме шефовите кои мислат повеќе работници, помалко проблеми (мокри мечки). Сепак, среќно е да видиме такви цели во Агендата за одржлив развој; значи и статистиката ќе биде задоволна. Поради тоа, давајки шанса на сите да изберат кога и колку, ние вистински им даваме на жените шефовиството во своето сопствено семејство!

Leave a Reply to metal injection molding Cancel Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top