PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 462 |
Visits (this month): | 27858 |
Visits (this year): | 468237 |
Visits (total): | 1461779 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ДДД Служба
Службата за ДДД е направена оспоред систематски план за задолжителна превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Следење на спроведувањето на задолжителни превентивни ДДД услуги на корисниците, и врши контроли согласно барањата на ХАЦЦП принципите за безбедно произвоство на храна.
- Врши :
дезинфекција,дезинсекција и дератизација
во здравствени установи, предучилишни и училишни установи.
Врши ДДД услуги во случај на епидемиолошки индикации, во согласност со договорот за деловна соработка и барања од правни и физички лица, корисници на нашите услуги.
- Врши:
ДДД услуги во угостителси и други објекти за производство, промет и чување на храна, ресторани и кафулиња, станбени објекти ( индивидуалжни куќи или згради за колективно живеење), деловни простории, производствени погон и магацински простории.
- Врши:
Фумигација на подрачјето на град Скопје и сите општини во Република Македонија (по барање на физички или
правни субјекти) од областа на превентивна ДДД заштита и тоа:
1. Дезинфекција е активност која опфаќа повеќе активности и постапки за: уништување, инхибирање на растот и размножувањето на патогените микроорганизми на интактна површината на телото, во секретите и екскретите, на предметите, материјалите и во просторот или одстранување на поголемиот број на микроорганизми.
2. Дезинсекција е активност која опфаќа повеќе активности и постапки за намалување на популацијата на штетни инсекти најмалку до прагот на штетност, за инхибирање на нивниот раст И спречување на нивното натамошно размножување или за комплетно уништување на присутната популација на штетни членконошци (Артхопода) кои пренесуваат заразни болести или паразитираат во човечкото тело, предизвикуваат алергиски реакции, Тие имаат токсично дејство е се тотално непожелни за човекот бидејќи се наметници, односно вознемирувачи или се амбарски штетници во складишта, силоси за жита и простории за чување храна.
3. Уништување на: лебарки, мравки, бубашваби. болви, оси, стеници и други видови на исекти кои се вектори - пренесувачи на заразни болести кај луѓето.
4. Уништување на комарци
За целосно уништивуње на овие инсекти кои се штетни за човекот и се познати предизвикувачи на разни епидемии, постојат неколку принципи:
- Ларвицидно третирање, за уништување на комарични ларви, со примена на биолошки и хемиски ларвициди, одобрени од Министерството за здравство - Биро за лекови.
- Адултицидно третирање за уништување на возрасни комарци во места каде што тие се задржуваат (шеталишта, паркови, густо зеленило итн.)
- Терестичка Дезинсекција каде третманите се спроведуваат со прскање, оросување, замаглување, односно со примена на ЛВ ладна постапка и УЛВ топла или ладна постапка, при што се користат два аеросолни генератори,
Процесниот пристап започнува во раните утрински часови, од 04 до 06ч, или по можност во вечерните часови од 19 до 21ч, кога и активноста на комарците е максимална.
- Комбинација од ларвицидно и адултицидно третирање е вистинско решение за заштита од комарци во урбана или приградска средина.
Сите активности во смисла на оваа мерка за заштита од комарци, се дефинирани во утврдена програма и план на Центар за Јавно Здравје Скопје и на основа на сите биолошки, еколошки и хидрометеоролошки карактеристики на теренот во кој се спроведува оваа дезинсекција.
3. Дератизација е активност која опфаќа повеќе активности и збир на постапки за намалување на популацијата на штетни глодачи под прагот на штетност. инхибирање на нивното размножување или потполно уништување на присутната популација на штетни глодачи кои се природни резервоари и пренесувачи на причинители на заразни болести или се амбарски штетници или глодачи во складишта, силоси за жита и простории за храна.
5. Фумигација е активност која опфаќа:
уништување на инсекти со многу јаки отрови (Т+) во гасовита состојба. Заради високиот ризик и енормно токсичните фумиганти, фумигацијата се врши само од стручни екипи на валидни здравствени установи кои ија имаат регистриано својата дејност и имаат одобрение од Министерството за здравство.
Предности на фумигацијата се:
- Високо ефективна дезинсекција
- Делување на сите развојни облици и форми на инсекти
- Најбрза постапка за уништување на штетни инсекти и заштита на производите и предметите
- може да се третира и запакувана роба или предмети без никакво нивно уништување
- нема резидуи на фумигантите во робата или предметите кои се третираат на овој начин (тие и понатаму остануваат безбедни за употреба)
Фумигацијата се спроведува во затворен простор со задолжителна херметизација на истиот со цел да во текот на експозицијата не диојде до губење на гасот - фумигантот.
Фумигацијата може да се спроведува и под гасно - непропустливи фолии во самиот објект или надвор од него.
Најпрепорачана и најпрактична е фумигацијата на: палети со разни видови роба (хартија, јута, полиетиленска фолија и сл), силоси за жито (пченица, ориз, леќа и сл.).
контакт телефон: 076 350 108
|