PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 929 |
Посети (овој месец): | 28325 |
Посети (оваа година): | 468704 |
Посети (вкупно): | 1462246 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
1-ВИ ДЕКЕМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДА-ТА
Проценето е дека во светот, во 2012 година, 35.3 (32.2-38.8) милиони лица живееле со ХИВ. Ова претставува зголемување споредено со претходните години бидејќи повеќе луѓе примаат антиретровирусна терапија која го спасува животот.
Во 2012 година имало вкупно 2.3 (1.9-2.7) милиони нови случаи со ХИВ инфекција, што покажува опаѓање од 33% на бројот на нови инфекции од 3.4 (3.1-3.7) милиони во 2001 година.
Истовремено, бројот на случаи со смртен исход од СИДА, исто така се смалува на 1.6 (1.4-1.9) милиони умрени од СИДА во 2012 година, намалено од 2.3 (2.1-2.6) милиони во 2005 година.
(Преземено од UNAIDS report on the global AIDS epidemic 2013)
(1) Опаѓа бројот на нови ХИВ инфекции во светот.
(2) Во светот се намалува бројот на умрени од СИДА.
(3) Расте бројот на луѓе во светот кои живеат со ХИВ.
|